Ракот на тестисите најчесто ги погодува луѓето меѓу 15 и 35 години

April 2, 2024
1 min read

Април е месец на подигањето на свеста за рак на тестисите, со посебна нагласка на едукацијата за симптомите и техниките на самопреглед, бидејќи со рано откривање, ракот на тестисите може да се излечи во 95 отсто од случаите.

Иако сочинува само еден насто од сите тумори кај мажот, ракот на тестисите е најчестиот облик на канцер којшто ги погодува мажите на возраст меѓу 15 и 35 години. Истражувањата покажуваат дека последниве години инциденцата се зголемува и е двојно поголема за последните 40 години, објави порталот „Кликс“.

Зголеменото влијание на болеста врз животот на пациентите и текот на лекување се причините поради коишто на оваа тема треба да ѝ се даде поголемо значење, сметаат лекарите.

Што е рак на тестисите?

Брзорастечки тумор што се одликува со промени кај тестисот зафатен од болеста.

Според новите податоци, најголем број од новодијагностицираните случаи се во возрасната група 30 – 34 години. Во повеќето случаи, причината за појава на болеста е непозната. Постојат фактори на опасност, но кај многу од дијагностицираните ги нема тие влијанија. Голема е веројатноста, сепак, болеста да се појави ако пациентот има семејна историја на рак, или пак, тн. неспуштен тестис при раѓањето.

Најчести знаци на рак на тестисите се промени во големината или обликот на заболениот тестис, како и тегоби или непријатност во скротумот.

А пак, најлесниот начин за рано откривање, покрај болничкиот преглед, е редовниот самопреглед. Се препорачува мажот редовно да си ги проверува тестисите – барем еднаш месечно, по можност при туширање, кога кожата е опуштена, па промените најдобро се чувствуваат со допир. Во тој случај палпацијата, т.е. проверката со допирање, најбрзо би посочила можни грутки кај тестисите, промени во големината или какви било други неправилности.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДИНА ДУМА ПОЧНУВА СО СНИМАЊЕТО НА ВТОРИОТ ФИЛМ, „СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА“

Следно

Нема да се одржат мастер дебати на претседателските кандидати

Latest from Blog

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и
Go toTop