Јужнокорејски научници со фузија постигнаа 100 милиони степени во траење од 48 секунди

April 2, 2024
1 min read

Научници од Јужна Кореја објавија дека постигнале светски рекорд во експеримент, кога, при нуклеарна фузија, успеале да достигнат температура од 100 милиони Целзиусови степени и тоа траело 48 секунди. За споредба, тоа би било седум пати потопло од јадрото на Сонцето.

Постигнувањето на Истражувачкиот центар при Корејскиот институт за фузија и енергија се случило на тестовите од декември 2023. и февруари 2024 година. На овој начин, направен е уште еден чекор во развојот на енергијата што ќе се произведува со нуклеарна фузија. Научно кажано, фузија е спојување на два атома што севкупно ослободува огромни количества енергија. А, целта е постигнување на истата реакција што ги поттикнува Сонцето и другите ѕвезди – да светат.

Сето ова често се нарекува „свет грал“ за решавањето на климатската криза бидејќи фузијата има потенцијал да обезбеди неограничено количество енергија, без јаглеродното загадување што ја загрева планетата Земја. Но, нуклеарната фузија е исклучително предизвикувачка за науката.

Директорот на Институтот, Си-Ву Јун, истакна дека високата температура и плазмата со висока густина, во којашто реакцијата може да трае подолго време, се од витално значење.

Научниците истакнаа дека успеале да одржат таква температура користејќи волфрам наместо јаглерод. Следната цел, за до 2026 година, е да се одржат 100 милиони степени до 300 секунди. Она што го прават научниците во Јужна Кореја ќе придонесе за развој на Меѓународниот термонуклеарен реактор во Франција – ИТЕР.

Во САД во 2022 година, беше постигнато производство на повеќе енергија за време на нуклеарната фузија отколку што е потребно за самиот експеримент. Следниот рекорд во производството на енергија од фузија беше поставен во Оксфорд, каде што, во експеримент, за пет секунди биле произведени 69 мегаџули енергија, што е доволно за снабдување 12.000 домови.

Сепак, човештвото сè уште е далеку од комерцијализација на нуклеарната фузија.   (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мелина упаднала во вилата на Харис, па тој викнал полиција: Двајцата добиле забрана за приближување

Следно

Над 800 кандидати за 120 места во парламентот

Latest from Blog

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и
Go toTop