И Тори Спелинг се разведува

April 1, 2024
1 min read

Актерката Тори Спелинг официјално поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг, актерот Дин Мекдермот. Двојката не живее заедно 10 месеци.

Парот беше во брак 18 години, а според правните документи до кои дојде Дејли Меил, ѕвездата од Беверли Хилс поднела барање во петокот, само три дена откако беше снимена во солзи по повторното обединување со нејзиниот сопруг во Лос Анџелес.

Актерката како датум на разделба го навела 17 јуни 2023 година, а како причина непремостливите разлики.

Тори и Дин имаат пет деца, 16-годишниот Лијам, една година помладата Стела, 11-годишната Хети, 10-годишниот Фин и 6-годишниот Бо, а Спелинг побара од судот целосно физичко старателство над децата и заедничко законско старателство според кое таткото можел да ги посетува децата според договорот.

Таа побара од судот Мекдермот да и плаќа алиментација, но и да му се одземе можноста да бара од неа алиментација.

Во јуни 2023 година, откако Дин на својот Инстаграм профил објави дека по 17 години брак и пет деца, се разведува од сопругата Тори Спелинг, стигна демант.

„Со голема тага и тешко срце објавувам дека јас и Тори Спелинг, по осумнаесет години врска и пет прекрасни деца, решивме да тргнеме по својот пат. И покрај новиот почеток за нас, ние ќе продолжиме заедно да ги воспитуваме нашите деца. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во овој тежок преоден рок за сите што е можно полесно да го пребродиме“, напиша тогаш 57-годишниот актер, а набргу потоа портпаролката на 51-годишната актерка ги демантираше натписите за разводот.

Тори во неколку наврати била снимена со децата во мотел, а извесен период живееле и во кампер.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

СЛОВЕНЦИТЕ ГО ПРОДАВААТ КРЕВЕТОТ НА КОЈ СПИЕЛ КРИСТИЈАНО РОНАЛДО: Од цената ќе ви се заврти во главата, а еве за колку може да биде ваш!

Следно

Tретата недела од постот се вика Крстопоклона- Недела на Чесниот Крст, вернициите се поклонуваат и го целивааат изнесениот крст на богослужбата

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop