Економијата, повторно во центарот на предизборните ветувања

March 31, 2024
1 min read

Како што се приближуваат изборите, политичките партии „изненадуваат“ со економски понуди. Некои велат дека ќе го решат стариот проблем со невработеноста и со ветувања за огромно зголемување на платите. Други предизборни програми објавија платформи како да се спаси економијата на земјата. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека недостигот од квалификувана работна сила ќе го пополни со враќање на оние што избегаа во странство. За компаниите даноците ќе бидат ниски и нема да се додаваат обврски. Опозицијата на Мицкоски ветува намалување на сивата економија, борба против корупцијата, почнувајќи од царината.

„Со платформата 1198 се залагаме за економска трансформација на Македонија, ниска инфлација од 2,5%, ниска невработеност од 7,5%, економски раст од 5% годишно и капитални инвестиции од 3 милијарди евра, во еден мандат, од кои 250 милиони евра годишно се само за регионален развој, за општини“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

СДСМ во новата изборна програма ветува повисок животен стандард и европска пензија. Од оваа партија велат дека во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, додека просечната пензија ќе биде 500 евра. Лидерот на социјалдемократите Ковачевски во својот говор на 28 Конгрес вети дека просечната плата ќе достигне рекордна бројка од 1.100 евра, додека минималната плата ќе биде 37.000 денари или 600 евра.

„Просечната пензија ја зголемивме за 6.400 денари, а минималната за 50%. Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, додека просечната пензија ќе биде 30.000 денари. Плус, од годинава и секоја година потоа ќе има пакет од 100 евра за секој пензионер во земјава. Зголемувањето на минималната плата, зголемувањето на социјалните додатоци за граѓаните за 300% и ја намаливме невработеноста од 25% на само 12,8 %“, велат од СДСМ.

Економските експерти велат дека по толку ветувања, економијата останува последна, иако е еден од главните столбови на општественото постоење. Партиите по постигнувањето на целта да дојдат на власт веднаш го менуваат курсот. Но она што сигорност се зголемува се трошоците за живот. Цените на храната ја доведоа потрошувачката кошница на над 1.000 евра .

Граѓаните паметат како поминуваат изборите, која партија и да дојде на власт, за нереализирање на капиталните инвестициски проекти и други ветувања, вината ја префрлаат на надворешни фактори како светската економска криза, поскапувањето на регионално ниво, зависноста на странскиот пазар и други причини./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Движењето „ЗНАМ“ги утврдија кандидатските листи за пратеници во сите шест изборни единици

Следно

Виенската полиција се вклучи во потрагата по Данка: ги истражуваат тврдењата дека била забележана во Австрија

Latest from Blog

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор

Андоновски од Политичкото собрание на ЕПП: Дигиталната трансформација е чекор кон ЕУ, но проширувањето мора да остане процес заснован на заслуги

Министерот за дигитална трансформација и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски заедно со пратеничката Иванка Василевска се учесници на Политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Виена. Андоновски денеска учествуваше на

Коњановски: Битола е дел од европскиот културен дијалог преку изложбата „Инспирации“

Тони Коњановски заедно со претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски присуствуваше на свеченото отворање на изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги претставува трите европски градови носители на титулата

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара
Go toTop