СО САМО ПЕТМИНА ВРАБОТЕНИ ЕДВАЈ ОПСТОЈУВА НАРОДНИОТ МУЗЕЈ ОД ВЕЛЕС, КОЈ ГИ ЧУВА СПОМЕН-КУЌИТЕ НА РАЦИН, ЏИНОТ, КОСТУРНИЦАТА

March 31, 2024
1 min read

Народниот музеј од Велес работи со само петмина вработени плус директорот. Со ваквата состојба ограничени се активностите кои треба да ги преземе за истражување, конзервирање на предметите кои се во нивна сопственост, рече директорот на институцијата Ангел Коруновски пред членовите не Советот на Општина Велес. Народниот музеј од Велес се грижи за спомен-куќите на Рацин, Главинов, Џинот, на Касапови, Спомен-костурницата, петте спомен куќи од НОБ во Горно Врановци.

„Велешкиот музеј е прва таква институција во Македонија, темел на музејската дејност во земјава и несфатливо е ова што ни се случува. Ние сме институција која има двајца стручни работници, кои работат осум проекти од национален интерес. Музејот нè дефинира како град и тој е многу битен за животот во него. Застанав на директорската позиција, како уметник да се изборам за подобра, подостоинствена позиција на Велешкиот музеј. Како работиме е донкихотска борба. Имаме десет објекти за кои се грижиме, а имаме еден хигиеничар, каде и кога попрво да стигне“, рече Коруновски.

За неколку години, бројот на вработени од 14 се симнал на шестмина, заедно со директорот како назначено лице. Откако е Коруновски директор, за година и пол се пензионирале четворица.

Вработените во Музејот работат на реконструкција на Археолошкото одделение. (Фото: СДК.МК)

„Музејот не може да фукнционира, еден вработен работи по десет други работи за да опстанеме. Имаме дефицит на кадар и затоа набавивме одредени технички помагала, кои на посетителите преку видеопрезентација треба да им ги доловат потребните информации. Така може да се запознаваат со збирките и со одделенијата. Работиме на реконструкција на Археолошкото одделение, набавивме витрини за да ги изложиме пронајдените предмети. Создаваме поставка со дела кои се во наша сопственост“, додаде Коруновски.

На забелешките од советниците дека музејот не може да вработи нови лица оти таков кадар не постои во Велес, Коруновски објасни дека кадар има, но нема дозвола за вработување.

„Не е точно дека стручен кадар во Велес не постои, постои. Проблем е што не добиваме согласност од Министерството за финансии, иако од Министерството за култура и од Министерството за информатичко општество имаме. Кај нас има стручен кадар кој волонтира. Вработениот кој се грижеше за Спомен-костурницата отиде во пензија и таа сега е оставена без човечка грижа, на забот на времето. Споменичениот комплекс на почетокот имал десет вработени, сега ниту еден“, кажа Коруновски.

Народниот музеј од Велес се грижи за спомен-куќите на Рацин, Главинов, Џинот, на Касапови, Спомен-костурницата, петте спомен куќи од НОБ во Горно Врановци.  (Фото: СДК.МК)

Директорот на Народниот музеј додава дека ова е резултат на одлуката Општината да ги преземе ингеренциите за оваа институција од областа на културата.

„Грешката е направена кога Музејот од национална се симна на локална институција. И од 40 вработени падна на сега петмина. Ги изгубивме сите одделенија. Град кој е значаен за македонската историја, нема Историско одделение, трагедија“, вели Коруновски.

П. ПЕЧКОВ

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Жител на Конче осомничен за злоупотреба на малолетничка долга речиси две години

Следно

Движењето „ЗНАМ“ги утврдија кандидатските листи за пратеници во сите шест изборни единици

Latest from Blog

Проданоски: Со шведска поддршка градиме современ систем за управување со отпадот

Унапредувањето на управувањето со отпадот, можностите за нови инвестиции и користењето меѓународни фондови беа теми на работната средба на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, со шведскиот амбасадор Ола Сулстром, заменик-министерката за животна

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи
Go toTop