Дваесет годишна девојка од Албанија пријавена за исчезната

March 31, 2024
1 min read

 

Дваесет годишна девојка по потекло од Албанија, синоќа е пријавена за исчезната, откако се одалечила од домот во Скопје каде престојувала.

-На 30.03.2024 во 10.30 часот во ПО Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, наведуваат од МВР.

Станува збор за Енкеледа Чела од  Албанија која во Скопје студирала на Економскиот факултет. Пријавена е за исчезната од нејзините пријатели, откако во петокот вечерта и се губи секаква трага.

Објавен е апел за помош за нејзино пронаоѓање на фејсбук од нејзина пријателска, која наведува дека девојката последен пат била забележана на бензиска пумпа во скопската населба Илинден. Била облечена во фармерки и црна јакна, а со себе носела ранец.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Локални избори во Туркије: Ердоган гласаше во истанбулски Ускудар

Следно

ОМО „Илинден“ – Пирин кани на голем семакедонски собир во чест на Јане Сандански во Мелник

Latest from Blog

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и

Отворен повик за универзитетска летна пракса во Општина Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола како дел од европската алијанса на универзитети КОЛОРС и Општина Битола, како асоциран партнер, трета година по ред објавуваат повик за зајакнување на капацитетите на студентите на

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонски Телеком најтргувани; МБИ10 падна за 0,66%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 13.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.838,33 поени, со дневен пад од 0,66%, односно – 65,54
Go toTop