Меморијален натпревар во чест на Дражен Петровиќ со бројни гости од НБА

March 29, 2024
1 min read

Хрватската кошаркарска репрезентација и селекција составена од европски играчи од НБА лигата, предводени од трофејниот српски стратег Жељко Обрадовиќ, ќе одиграат на 5 септември во Загреб меморијален натпревар во чест на 60. роденден на кошаркарската легенда Дражен Петровиќ, кој почина на 7 септември 1993 година во сообраќајна несреќа во Германија.

Објавувајќи ги денеска деталите, организаторите на „Меморијалниот натпревар во сеќавање на Дражен Петровиќ“, соопштија дека на спектаклот во Арена Загреб како гости ќе присуствуваат бројни кошаркари, од денешните НБА ѕвезди на кои Дражен им беше пример, до соиграчите од Барселона 92′ и играчи од американскиот Дрим Тим.

Селекцијата на Европа ќе биде составена од 16 НБА играчи од регионот на поранешна Југославија.

„Меѓу нив ќе бидат 13 актуелни, вклучувајќи ги Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, како и тројца кои настапуваа во НБА лигата до пред пет-шест години“, најави братот на Дражен Петровиќ, Александар Петровиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Следно

ФАНОВИТЕ НЕМА ДА ГО ЗАПОМНАТ: Бритни Спирс си го промени името, откри како ќе се вика!

Latest from Blog

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во
Go toTop