Вклучен алармот и во Грција по терористичкиот напад во Москва

March 27, 2024
1 min read

Грчката полиција и Националната разузнавачка служба го зголемиле нивото на внимателност со интензивирање на контролите на влезните точки во Грција, односно граничните премини, но и во прифатните центри за бегалци и мигранти, по терористичкиот напад во Москва, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Весникот „Катимерини“ пишува дека една од причините за загриженоста е обидот на ИСИС-К, односно фракцијата на Исламската држава во провинцијата Хорасан да ги прошири активностите од централна Азија, Узбекистан, Таџикистан или Киргистан кон Европа.

-Надлежни извори појаснија дека проверките ќе бидат засилени и во центрите за прием на мигранти, како и во заедниците на државјани на Авганистан и Пакистан кои живеат во Грција. И тоа е затоа што меѓу оние кои ИСИС-К ги регрутира се членови на заедницата на Авганистанци, но и на пакистанските заедници, кои се во конфликт со режимот на Талибанците. Вниманието на грчките власти е насочено и кон социјалните мрежи (Тик Ток, Телеграм) каде што, според информациите ИСИС-К регрутира нови членови, пишува „Катимерини“.

„Прото тема“ повикувајќи се на свои извори пишува дека контролите на граничните премини ќе бидат засилени бидејќи постои можност луѓе кои можеби се поврзани со ИСИС-К да се обидат да влезат во Грција, а потоа да ја напуштат Европа.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Гир: Гласините дека ЕУ не ја сака Мкедонија или дека земјата не е способна не се точни

Следно

Германија го осуди нападот на терористичката организација ПКК на генералниот конзулат на Туркије

Latest from Blog

Најбогатиот знак во ноември: Очекува зголемување на платата – пристигнуваат деловни понуди

Во ноември, астролошки гледано, Јарецот има најмногу можности за богатство и финансиски напредок. Енергијата на месецот му носи стабилност, нови деловни понуди и шанси конечно да ја отплати напорната работа од претходните

Алиу: После изборните резултати нашата коалиција е сигурна и посилна

После десет години имаме нов амбиент во државата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во врска со резултатите од локалните избори. Нашата коалиција, посочи, не беше задкулисна
Go toTop