Њујорк тајмс подигнa скептицизам за својата приказна што ја објави за сексуалните напади на Хамас

March 27, 2024
1 min read

ХАМИЛТОН (АА) – Извештајот објавен во понеделникот од „Њујорк тајмс“ се спротивстави на сопствената приказна од пред речиси три месеци во врска со членовите на Хамас кои сексуално напаѓале Израелки за време на прекуграничниот упад на групата во Израел на 7 октомври минатата година, пренесува Анадолу.

Извештајот под наслов „Видеото на израелскиот војник го поткопува тврдењето на болничар за сексуално насилство“, го признава видеото снимено од страна на израелски војник на кое се прикажани „телата на три женски жртви целосно облечени и без очигледни знаци на сексуално насилство во домот каде што многу жители веруваат дека нападите се случиле таму“.

На 28 декември, Тајмс објави долг истражувачки извештај со наслов „Врисок без зборови: како Хамас како оружје го употреби сексуалното насилство на 7 октомври“ кој истражува за наводното силување и сексуалното насилство од страна на членовите на палестинската група врз жените за време на нападот на 7 октомври. Извештајот вклучуваше изјави од неидентификуван болничар кој припаѓа на израелска единица командоси.

Неколку медиуми, вклучувајќи ги Асошиејтед прес, Си-ен-ен и Вашингтон пост објавија слични наративи кои му се припишуваат на анонимен воен болничар.

Написот на Тајмс спомена три наводни жртви на сексуален напад. Две од нив, од Кибуц Беери, беа опишани со доволно детали за потенцијално да се идентификуваат како сестри, со презиме Шараби, на возраст од 13 и 16 години.

Михал Паикин, портпаролката на Кибуц Беери, категорично ги отфрли наводите за сестрите, велејќи дека додека биле застрелани, тие не биле изложени на сексуална злоупотреба.

„Зборувате за девојките Шараби?“ изјави таа за „The Intercept“.

„Не, тие беа застрелани и не беа изложени на сексуална злоупотреба.“

Дополнително поткопувајќи го кредибилитетот на наводите, Паикин ја доведе во прашање веродостојноста на сведочењето на болничарот од израелските специјални сили, примарен извор за написот на Тајмс.

„Тоа не е вистина“, рече таа, мислејќи на тврдењата на болничарот за девојчињата.

„Тие не беа сексуално злоупотребувани.“

Според најновиот извештај на „Њујорк тајмс“, жителите не ги коментирале новопојавените видеоснимки и рекле дека само во еден дом во Кибуц Беери биле сместени двете тинејџерки кои биле убиени, што ги навело да ги отфрлат тврдењата за сексуален напад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коринтскиот канал ќе биде отворен за пловидба од 1-ви мај 2024

Следно

СЗО: Скоро секое шесто дете било жртва на сајбер насилство

Latest from Blog

Најбарани професии лани во ЕУ биле во продажба, маркетинг и производство

Највисока стапка на слободни работни места во ЕУ лани е регистрирана кај менаџерите за продажба, маркетинг и развој, со 8,4%. Ова значи дека оваа професија имала најголема незадоволена побарувачка за работна сила,

Андоновски: Дигиталната трансформација мора да биде достапна за сите, промоција на е-Киоск терминалите и е-Сандаче

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со претседателот на ладата Христијан Мицкоски, се обрати на конференцијата за промоција на националната ИКТ Стратегија СМАРТ/МК 2030, нагласувајќи дека дигиталната трансформација се реализира преку

The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 – Конференција што ја обележа годината

Со силни пораки, визионерски дискусии и присуство на најрелевантните носители на одлуки, годинашното издание на The Economist MeetUp: The World Ahead 2026 официјално се заокружи како најпрестижната бизнис и економска конференција одржана

Фото: Сексапилната Џенифер Лопез

Светската музичка ѕвезда и актерка Џенифер Лопез се појави на насловната страница на бројот „The Envelope“ на „Лос Анџелес Тајмс“, посветен на жените во филмот, оставајќи силен впечаток со своите модни избори
Go toTop