ПАСОК денеска се очекува да достави предлог до Парламентот за гласање недоверба на грчката Влада

March 26, 2024
1 min read

На иницијатива на грчката опозициска партија ПАСОК и претседателот Никос Андрулакис се очекува во текот на денот во Парламентот да биде доставен предлог за гласање недоверба на Владата на Нова демократија, предлог што ќе биде поддржан и од други опозициски партии, јави дописничката на МИА од Атина.

Предлогот за недоверба на Владата доаѓа по текстот во весникот „То вима“ според кој разговорите меѓу одговорните на железничките станици на денот на железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари 2023 година, објавени тогаш во медиумите биле монтирани за, веројатно, да се зајакне тврдењето дека причината за судирот на двата воза е човечка грешка.

За да се достави предлог за гласање недоверба на Владата потребни се најмалку 50 потписи, односно една шестина од вкупниот број пратеници во Парламентот.

ПАСОК има 32 пратеници, со што неопходна е поддршка и од останатите опозициски партии и според најавите, се очекува СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода да ја поддржат иницијативата, со што би се собрале над 85 потписи.

Предлогот се очекува во текот на денот да биде доставен до Парламентот и во период од 48 часа ќе треба да почне пленарната седница, а расправата ќе трае три дена по што ќе следи и гласањето.

Откако лидерот на ПАСОК ја соопшти иницијативата за доставување предлог за гласање недоверба на Владата, владиниот портпарол Павлос Маринакис коментираше дека е добредојдена.

За да се изгласа недоверба на Владата потребно е предлогот да биде поддржан од 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот, додека пак владејачката Нова демократија има мнозинство од 158 пратенички места.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Собранито закажни три пленарни седници

Следно

САД: Резолуцијата на СБОН со која се бара прекин на огнот во Газа е необврзувачка

Latest from Blog

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“. „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка, со кој се предлага продолжување на рокот на важност
Go toTop