Русите со ракета уништија станбена зграда во источна Украина – загинаа најмалку две лица

February 2, 2023
1 min read

Минатиот април Украина соопшти дека 57 лица загинале кога руски проектил погодил железничка станица во Краматорск. Москва ја отфрли одговорноста, велејќи дека проектилот бил украински

Руска ракета доцна синоќа уништи станбена зграда во источниот украински град Краматорск. Најмалку две лица загинаа, а седум се повредени, изјави регионалниот гувернер Павло Кириленко.

„Спасувачите, полицијата и комуналните служби работат на местото на настанот за да поминат низ урнатините на уништената зграда. Веројатно се уште има луѓе под урнатините“,

напиша Кириленко на Телеграм.

Најмалку 44 лица загинаа минатиот месец кога руски проектил погоди станбена зграда во источниот град Дњепар.

„Ова не е повторување на минатото, тоа е секојдневната реалност на нашата земја – земја со апсолутно зло на своите граници“,

напиша претседателот Володимир Зеленски на Телеграм.

Во посебен твит, Зеленски напиша дека „единствениот начин да се запре рускиот тероризам е да се победи – со тенкови, борбени авиони, проектили со долг дострел“.

Кириленко објави фотографија на која се гледа четирикатница која претрпела големи оштетувања.

Украинската редакција на Радио Слободна Европа објави кратко видео на кое се гледа како спасувачите работат под рефлектори додека снегот паѓа врз урнатините. Украина ги обвинува руските сили за неселективно гранатирање на цивилната инфраструктура, обвинение што Москва рутински го негира.

Минатиот април Украина соопшти дека 57 лица загинале кога руски проектил погодил железничка станица во Краматорск. Москва ја отфрли одговорноста, велејќи дека проектилот бил украински.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пол Погба повторно е повреден

Следно

Најмалку двајца загинати во руски ракетен напад врз станбена зграда во Краматорск

Latest from Blog

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот
Go toTop