Конгрес на СДСМ: Потврдени носителите на листи, претставена изборната програма

March 23, 2024
1 min read

На осми мај граѓаните ќе имаат избор за да продолжат на патот кон Европската Унија или да се вратат назад, во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Вака претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски го започна говорот на 28от конгрес на партијата на која се избираа идните потенцијални пратеници или евентуално повисоки функционери во извршната власт. Ковачевски потенцираше дека во изминативе седум години неговата партија донела многу храбри одлуки.

„На осми мај изборот нема да биде само помеѓу партии и кандидатски листи, изборот на осми мај е мнопгу посуштински за сите нас како граѓани на оваа држава. Изборот е помеѓу надеж и просперитетна иднина со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Или безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО-ДПМНЕ“, рече Димитар Ковачевски претседател на СДСМ.

Во изборната програма, Ковачевски најави просечна плата од 1100 евра, минуималец од 600 евра, најниска пензија 20 илјади денари, просечна пензија 30 илјади денари, плус 100 евра за нова година за секоиј пензионер. 200 евра за секое прво вработување на младите луѓе, 750 милиони евра субвенции за пензионерите. Потврда дека овие ветувања ќе се остварат се политиките кои ги води владеачката партија последниве седум години, рече Ковачевски.

„Во наредните четири години ќе инвестираме 2,7 милијарди евра во инфраструктурни проекти,  тоа се 197 километри нови автопатишта, и реконструирани  950 километри патиштадо 2028 година“, рече Димитар Ковачевски претседател на СДСМ.

На крајопт на својот говор, Ковачевски ги потврди имињата кои ТВ 24 ги објави како носители на листите уште рано изутринава. Во првата изборна единица предводник е лично тој, во втората изборна единица на првото место е Оливер Спасовски, тројката ќе ја предводи директорката на УЈП Сања Лукаревска, четворката екс министерот за здравство Венко Филипче, петката е резервирана за Јован Митрески кој е нов собраниски спикер, и во шестата изборна единица е министерката за одбрана Славјанка Петровска. Пред овој конгрес социјал демократите имаа Извршен и Централен одбор кој според информациите бил полн со расправии, и во тензична атмосфера, а причина за тоа е што дел од функционерите не се најдоа на листите за пратеници.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Марихуаната ќе биде легална во Германија од први април

Следно

НА НЕГОВИОТ ПОГРЕБ РЕКЛА „ЈАС СУМ СЛЕДНА“: Последните зборови на убиената пејачка Јелена Марјановиќ ќе ви ја заледи крвта

Latest from Blog

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската

Светските лидери изразуваат сочувство по смртоносната пукотница во Канада, напаѓачот бил трансродово лице

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција „стои со канадскиот народ“. „Терор го погоди училиштето во Тамблер Риџ, Канада. Нашите мисли се со семејствата на жртвите, повредените и целата образовна заедница“, рече

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на рокот за легализација на бесправно изградени објекти до 2031 година

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата минатата недела поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти по скратена постапка, со кој се предлага продолжување на рокот на важност
Go toTop