Револтирани по убиството на колегата приватните лекари в понеделник нема да работат со пациенти од 12 до 16 часот,

March 22, 2024
1 min read

Приватните лекари в понеделник нема да работат со пациенти од 12 до 16 часот во знак на револт по убиството на матичниот лекар А.В. од Скопје. Ова го најави претседателката на Здружението на приватни лекари д-р Лили Дервишова-Чолакова, која рече дека тие се револтирани од грозоморниот настан.

-Ова можеше да се случи било кому од нас. Одамна бараме донесување на Закон за лекарска дејност, со која ќе бидеме заштитени. Со капитацијата која ја примаме дали треба и обезедување да ангажираме? Колегата беше исклучително посветен на неговите пациенти, затоа продолжи со работа до старосната граница, да не ги остави без лекарска заштита. Токму затоа ни е потребно државата да не заштити, рече таа во име на околу 1.500 доктори.

Со прекинот на работата сакаат да издејствуваат донесување на законот за докторска дејност, кој предвидува поголема заштита на лекарите.

-Законот е подготвен и фаќа прашина во некоја фиока. За него зборувавме уште кога беше министер Никола Тодоров. Многумина се сменија од тогаш, а законот не е донесен. Под итно треба да се донесе, рече претседателката Чолакова-Дервишова.

Таа апелира МВР што побргу да го расчисти случајот оти и тие како лекари се чувствуваат загрозени по убиството на колегата.

Лекарската комора остро го осуди убиството на доктор.
-Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат. Загубата на човечки живот секогаш е тешка, но трагедијата е многу поголема кога тоа е направано на насилен начин, велат оттаму.

МВР утрово соопшти дека доцна синоќа на паркингот пред Поликлиниката „Железара“ со убодни рани од нож бил пронајден 67-годишен лекар. Го пронашле синовите, кои излегле да го бараат оти не се вратил од работа. Убиениот бил матичен лекар, концесионер со ординација во Поликлиниката „Железара“.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Викендов сончево и топло, од понеделник со дожд

Следно

САД го тужи Епл за монопол врз смартфони

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop