Просечната плата во земјава намалена за околу 500 денари

March 21, 2024
1 min read

Просечната нето-месечна плата на вработените за јануари 2024 година изнесува 39.542 денари. Просечниот бруто-износ е 59.392 денари, објави Државниот завод за статистика. Во однос на декември, ова значи дека просечната плата во земјава е намалена за околу 500 денари. Најголем пад има во градежништвото, минус 10,9%, во преработувачката индустрија минус 4,9% и во трговијата на големо и мало од минус 3,8%. Ова намалување уште повеќе го отежнува животниот стандард, кога потрошувачката кошничка во овој месец за четиричлено семејство достигна 1.210 евра сосе евентуалната кирија. Професорот Љубомир Кекеновски нагласува дека политичката корупција влијае и на платите и на енормното поскапување.

Од друга страна, одлуката за зголемување на минималната плата сè уште не е објавена во Службен весник, а доцни и усогласување на платите на околу 60.000 вработени во јавниот сектор кои во платата за март треба да имаат 2.500 денари повеќе. Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) велат дека власта намерно ја одолговлекува одлуката за зголемување на минималецот.

„Се работи за 2.500 денари по вработен во јавниот сектор, покрај 2.500 евра плата на функционерите кои ќе се обидат да манипулираат со овој закон. По објавувањето на социо-економскиот совет во Владата, истиот ќе биде објавен во Службен весник, во петок или најдоцна во понеделник и се очекува да стапи во сила. Доколку не се усогласат платите, тоа ќе биде кривично дело за што ќе пријавиме во обвинителството“, рекоа од ССМ.

Последните пресметки на синдикатите покажаа дека на едно четиричлено семејство му се потребни околу 59 илјади денари за покривање на основните потреби во месецот. Во март, во однос на февруари, трошоците се зголемени за повеќе од 1.500 денари, главно за храна и пијалоци. Овие производи беа под контрола на мерката за гарантирани цени, но Владата не ја продолжи. Сега ќе се чека да профункционира Законот за спречување на нефер трговски практики, но за тој да почне да се применува ќе почекаме до септември.

Аднан Ќаили

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ДИК: Таравари и Јакимовски со некомплетна документација за изборите

Следно

Снимка од малиот Мусаб од Газа, кој во израелските напади ги загуби петте браќа и сестри

Latest from Blog

На опожареното складиште во Трубарево поставена е мерна станица која ќе биде на функција 24 часа

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета на опожареното складиште во Трубарево, каде денес е поставена мерна

Бранислав Светозаревиќ ќе ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави советничката листа за Општина Тетово, чиј носител ќе биде историчарот и архивист Бранислав Светозаревиќ Покорни. „За Тетово со чесност, визија и луѓе кои знаат што значи љубов кон татковината.

Коста Хиохи на чело на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга

Коста Хиохи, спортски визионер, професор и долгогодишен активист, ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга за претстојните локални избори. „Горд сум што имам чест да предводам листа составена од

Меџити: Поставена мерна станица во Трубарево за 24-часовен мониторинг на воздухот

Поставена мерна станица која ќе биде на функција 24 часа Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска повторно беше на теренска посета

Папата Лав Четиринаесетти наполни 70 години

Официјална свеченост по повод роденденот на папата не е предвидена во Ватикан. Во својата традиционална неделна молитва Лав Четиринаесетти денеска му се заблагодари на Бог, на своите роднини и на сите кои
Go toTop