Диетите со часовна рамка можна причина за повисока смртност од срцеви болести

March 19, 2024
1 min read

 Луѓето кои следат диети со периодично гладување во временска рамка, може да бидат повеќе склони кон смрт предизвикана од проблеми со срцето, според ново истражување објавено во „Њусвик“ (Newsweek).

Анализата опфати податоци од над 20.000 возрасни Американци. Кај лицата кои јаделе во рамки на одредени осум часа од денот, веројатноста да починат од кардиоваскуларни заболувања е 91 отсто поголема отколку кај оние кои следат вообичаен распоред на оброци. Ова се првични резултати од истражувањата од областа на  епидемиологија, животен стил и кардиометаболизам на Aмериканското здружение за срцето (American Heart Association).

Ова откритие е неочекувано, бидејќи претходните испитувања наведуваат дека периодичното гладување го подобрува крвниот притисок, нивото на гликоза и холестеролот во крвта.

Постојат неколку начини на периодично гладување. Најчестиот сепак е „16/8“, којшто вклучува 16 часа нејадење на ден и дозволени осум часа за јадење. Доста популарна е и диетата „5:2“, што вклучува вообичаено јадење оброци пет дена во седмицата, а ограничен калориски внос до 500-600 калории во два непоследователни дена.

– Временското ограничување на дневните часови за јадење, на пр. осум часа на ден, во последно време е популарно, како начин на слабеење и подобрување на здравјето на срцето. Сепак, долгорочните здравствени последици од временски ограниченото јадење, вклучувајќи ја и опасноста од смрт од кардиоваскуларни заболувања или од која било причина – се непознати, вели авторот на научниот труд, Виктор Вензе-Жонг, професор по Епидемиологија и Биостатистика на Медицинскиот факултет при Шангајскиот Универзитет во Кина.

Наводите говорат дека кај луѓето со постоечки срцеви болести, јадењето меѓу осум и 10 часа на ден значи 66 насто повисока можност од смрт од срцеви заболувања или мозочен удар.

Истражувачите исто така откриле дека кај луѓето со срцеви заболувања или рак има поголем ризик од смрт и дека кај заболените со рак кои јаделе вон рамката од 16 часа на ден имало помала смртност.

– Исклучително е важно пациентите – особено оние со постоечки срцеви заболувања или рак, да бидат свесни за врската меѓу осумчасовната рамка и зголемената опасност од смрт поради срцева болест. Резултатите од истражувањата поттикнуваат повнимателен, персонализиран пристап кон препораките за исхрана, осигурувајќи дека тие се прилагодени на здравствениот статус на поединецот и по најновите научни докази. Иако испитувањата откриваат врска меѓу осумчасовната рамка за јадење и смртта од кардиоваскуларни болести, тоа не значи дека временски ограничената исхрана мора да предизвика смрт покрај срцевото заболување, додаде Жонг.

Двејн Мелор, нутриционист и предавач на Медицинскиот факултет „Астон“ во Бирмингем, Велика Британија, кој не бил вклучен во истражувањата, вели дека иако бил користен модел за проценка на опасноста, во овој научен труд не се знае – колку е вклучената исхрана здрава, т.е. што луѓето јаделе. Бидејќи таквите податоци се ограничени, не е јасно ни дали пушењето, физичката активност и алкохолот се земени предвид како фактори.

И според други стручњаци, сé ова значи дека треба да има дополнителни научни испитувања, за истражувањето да биде целосно.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЌЕ ВИ ПАДНЕ ВИЛИЦАТА: Поранешната на Аца Лукас се соблече за својот роденден, кога ќе дознаете колку години полни нема да ви биде добро (ФОТО)

Следно

Скендер Реџепи во 2021: „Идеолошки ДУИ е со Белград или Москва“

Latest from Blog

Божиновска: Заштитата на енергетската инфраструктура од сајберзакани е постојан приоритет

Заштитата на критичната енергетска инфраструктура мора да биде постојан приоритет, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на настанот „Сајбербезбедност во енергетскиот сектор: Од проценка до отпорност – Патоказ

Бакарот станува стратешка суровина за Европа: Македонија има потенцијал да биде дел од новите синџири на снабдување

Зголемената глобална побарувачка за бакар и други критични минерални суровини го става рударството во фокусот на европските економски и индустриски политики. Во услови на енергетска транзиција и брз технолошки развој, регионот на

Коњановски: Над 164 милиони денари за улична и патна инфраструктура во Битола

Над десет километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, повеќе од три километри водоводна и канализациска мрежа и нови 220 паркинг места се дел од резултатите што ги издвојува градоначалникот на Битола, Тони

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на
Go toTop