Димитриеска Кочоска: Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го зголеми растот на економија

March 19, 2024
1 min read

-Ние многу внимаваме во ветувањата. Значи ние направивме проекти на Буџетот до 2028 година многу внимателно. И притоа сме многу внимателни во подготвување на Програмата и уште повнимателни сме заради тоа што не знаеме дури ни што не чека бидејќи имаме информации дека состојбата е уште пострашна од тоа што ние знаеме вака од транспарентен дел. Има дел за кој што воопшто немаме информации јавни, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „360 степени“ на МРТ.

-Фискалниот совет даде свое мислење за фискалната стратегија каде што кажува дека доколку ги додадеме обврските кои што не се евидентирани во Буџетот бидејќи Буџетот евидентира само плаќања, вие не знаете колкави се обврските, рече таа.

Димитриеска Кочоска додаде дека не се знае колкав бил долгот во секоја од институциите. Има и фактури кои што не се платени, тоа треба да се извади, да се види.

-Мора да најдеме начин како ние транспарентно ќе ги вадиме тие податоци, укажа Димитриеска Кочоска.

-Институциите квартално не известуваат односно некои известуваат, некои не. Врз основа на тоа вие не можете да кажете од сега колкав е долгот на тие институции, бидејќи јасно се гледа таму дека сликата не е реална, нагласи таа.

Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ цело време укажуваше дека има многу корупција и криминал.

-Во нашата програма има нула корупција, значи тука сме посебно фокусирани и ќе бидеме фокусирани и во иднина. И корупцијата повеќе нема да се толерира, истакна Димитриеска Кочоска.

-Фокус ни е сивата економија, нагласи таа и рече дека според странските извештаи во Македонија има околу 30-40% сива економија, а тоа е огромна бројка.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на раст на економијата.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Унгарски Ѓер добива нов тренер

Следно

Роналдо ќе го пропушти натпреварот на Португалија против Шведска

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop