На полноќ истекува можноста за проверка во Изборниот список

March 18, 2024
1 min read

На полноќ истекува можноста за проверка во Изборниот список за претседателските избори на 24 април и парламентарните избори на 8 мај. Оние кои не успеале навреме да ги најдат своите податоци во списокот, имаат уште неколку часа. Во подрачните одделенија на ДИК во Тетово имало повеќе од 2300 граѓни направиле проверки.

Иако рокот наскоро истекува, некои лица се соочија со проблеми бидејќи нивните имиња не фигурираат во избирачкиот список.

„Јас не сум на избирачкиот список, затоа дојдов да видам што ќе се случи. Немам информации, дојдов да видам што е работата, не сум мртов за да не сум на список. Или можеби се работи за неважечка личната карта“, вели еден граѓанин.

Избирачкиот список во Тетово за изборите на 24 април и на 8 мај ќе брои над 86.000 гласачи, кои се распоредени во вкупно 117 избирачки места. Најголема рурална општина по Тетово е Боговиње, која брои 28.470 гласачи, потоа е општина Желино со 25.031 гласач ,Теарце со 22.382 гласачи, Брвеница со 15.855 гласачи и Јегуновце со околу 10.000 гласачи. Државната изборна комисија утре се очекува да информира за тоа колку граѓани извршиле проверки на државно ниво, и дали во овој процес имало прблеми.

Башким Сулејмани

Извор: alsat.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„Јас сум како ајкула“: Моника Белучи ја откри тајната на својот беспрекорен изглед

Следно

НА ОВА МЕСТО ВО РЕГИОНОТ ТРУПА СНЕГ ВО МОМЕНТОВ: Утре доаѓа и кај нас, „луда марта“ носи пресврт на времето кое го имаме денес! (ФОТО)

Latest from Blog

Ердоган: Очекуваме единството на алијансата да биде нагласено на самитот на НАТО

Тој повика на укинување на ограничувањата за трговија со оружје и воена опрема и на Анкара да ѝ биде дозволено да учествува во иницијативи за зајакнување на европската безбедност, објави Ројтерс. Анкара

Проданоски им оддаде признание на учениците за филмот „Девојките на Марко“

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со членовите на драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“, при што им оддаде признание за нивната посветеност и успехот со реализацијата на долгометражниот

Проданоски: Прилеп е целосно подготвен за превенција и брза реакција при пожари на отворено

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека Општината е целосно подготвена за превенција и справување со пожари на отворено во пресрет на летната сезона, по денешниот координативен состанок на Општинскиот штаб за
Go toTop