ЕСМ Дистрибуција на топлина од денеска задолжена за дистрибуција на топлина и во населбата Автокоманда

February 1, 2023
3 mins read

ЕСМ Дистрибуција на топлина од денеска ја извршува енергетската дејност дистрибуција на топлина и во населбата Автокоманда, општина Гази Баба согласно одлуката донесена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), информираат од компанијата.

-Заради оптимирање на трошоците и зголемување на ефикасноста на двата системи за централно греење кои функционираат одделно согласно лиценците: ЕСМ Енергетика и системот кој го сочинуваат ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство и ЕСМ Снабдување, извршено е одделување на мрежа која се наоѓа во населбата Автокоманда од ЕСМ Енергетика и нејзино спојување на дистрибутивната со мрежата која ја управува ЕСМ Дистрибуција и овие две мрежи се сега една функционална целина, изјави Александра Маројевиќ помошник на директорот за производство на ЕСМ. Согласно Законот за енергетика, како што кажа, ЕСМ дистрибуција на топлина, по претходно одобрување од РКЕ, има склучено договор со ЕСМ Снабдување со топлина за продажба на топлинска енергија наменета за потребите на потрошувачите.

-Токму затоа потрошувачите од оваа населба, од денеска се потрошувачи на ЕСМ Снабдување. Во постапка согласно Законот за заштита на лични податоци во наредниот период ќе се изврши преземање на податоците на потрошувачите од претходниот снабдувач ЕСМ Подружница Енергетика, рече Маројевиќ. Новите потрошувачи од населбата Автокоманда, како што кажа, фактурите за топлинска енергија за февруари, кои ќе ги добијат во март и понатаму ќе ги добиваат од ЕСМ Снабдување со топлина.

-За домаќинствата фактурите нема да бидат зголемени во однос на претходните кои ги добивале од ЕСМ Енергетика. Деловните потрошувачи и образовните институции кај кои наплатата се врши по мерач ќе плаќаат по пониски тарифни ставови за топлинска енергија, прецизира Маројевиќ. Нагласи дека испораката на топлинската енергија до сите потрошувачите ќе се врши согласно законската и подзаконската регулатива по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури

. -За ЕСМ Снабдување од посебна важност е зголемување на довербата и подобрување на комуникацијата со потрошувачите и токму затоа е отворен уште еден, нов пункт за потрошувачи кој се наоѓа во населбата Автокоманда на ул Јани Лукровски бр.8 локал 4. На потрошувачите од населбата Автокоманда, ќе им бидат достапни сите информации и услуги кои ги нуди ЕСМ Снабдување со топлина на своите потрошувачи на својата веб страницата, како информации за локација на пунктовите и работното време, за „Центарот за грижа на потрошувачи“, достапен е формуларот за е-фактура и договорот за снабдување како и електронскиот систем за плаќање на фактури. На веб страницата се поставени и известувања за дефекти во дистрибутивниот систем, појасни Маројевиќ.

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија, потребно е потрошувачите од населбата Автокоманда да склучат „Договор за снабдување со топлинска енергија“ со новиот снабдувач ЕСМ Снабдување со топлина кон кого ја имаат обврската за плаќање на услугата од 01.02.2023. Договорот е одобрен од РКЕ.

-За таа цел потрошувачите на чие име се води сопственоста на станбениот или деловниот простор, потребно е да го симнат договорот поставен на веб страницата на ЕСМ Снабдување, да го испечатат во два примерока, да ги пополнат и двата примерока и лично да ги предадат во еден од Пунктовите за потрошувачи на ЕСМ Снабдување. За потрошувачите кои немаат можност за пристап до веб страницата, договорите ќе бидат достапни и во Пунктовите. При поднесување на договорот потребно е потрошувачите да приложат на увид документ за лична идентификација и фактура (или копија) за топлинска енергија од претходниот снабдувач, посочи Маројевиќ.

Доколку сопственикот на имотот не е во можност лично да дојде во наплатниот пункт, како што истакна, може да ополномошти друго лице, кое во негово име ќе го потпише потребниот договор. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување со топлина, ќе биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот наведена во договорот и со тоа договорот ќе се смета за склучен. Доколку е настаната статусна промена на сопственост (купопродажба, решение за наследување и сл.) потрошувачот е потребно да приложи на увид документ за идентификација како и документ со кој се докажува сопственоста на посебен дел од објектот како имотен лист, купопродажен договор или решение за наследување.

-Ги повикувам потрошувачите за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, како и за пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100. Заради навремено отклонување на пријавени дефекти, потребно е нашите екипи да имаат пристап до топлинските станици. Затоа апелираме до заедниците на станари во сите објекти, вклучително и објектите во Автокоманда, во комуникација со Центарот за грижа на корисници, да обезбедат пристап за екипите за одржување до топлинските станици на начин кој им одговара на двете страни, потенцира Маројевиќ

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нов изданок на турската одбранбена индустрија: Оклопниот транспортер 8 х 8 Арма 2 спремен за сериско производство

Следно

Мицкоски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да ги консолидираат општините и да се спремат за издавање општински обврзници за капитални проекти, владата на ДУИ поддржана од СДС ги опструира

Latest from Blog

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата презентира нов концепт на водење на економијата кој значи модернизација и зголемена конкурентност

Во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, вечерва гостуваше Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој зборуваше за економската ренесанса која е во тек и се случува на

СДСМ: Мицкоски прави де фокус од проблемите во ВМРО-ДПМНЕ, не може тој да зборува за „квалитет на кадри“

Христијан Мицкоски е последниот кој може да зборува за „квалитет на кадри“. Во неговите редови има луѓе осудени за криминал, лица кои се под истраги од институциите и личности чиј углед е

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ има направено уредување што претходно никогаш не било направено, граѓаните од Кочани имаат само една цел – реалокација односно затворање на депонијата

„Колега Крмов, благодарам најпрво за грижата меѓутоа очигледно е дека позади оваа грижа стои интерес како да се освојат ситни политички поени на еден проблем кој што е навистина горлив и на

Петкоска: Ќе се формира претпријатие за регионална депонија во Новаци, што ќе донесе решение и за Буково

Ве информирам дека задутре во советот на Општина Новаци е закажана седница на која ќе се формира Претпријатие за регионална депонија и врз основа на таа одлука сите општини ќе може да
Go toTop