Нов изданок на турската одбранбена индустрија: Оклопниот транспортер 8 х 8 Арма 2 спремен за сериско производство

February 1, 2023
3 mins read

САКАРЈА (АА) – ЃОКСЕЛ ЈИЛДИРИМ –

Военото возило „Арма 2“ со погон 8 x 8 е нов изданок на турската наменска индустрија и наскоро влегува во сериско производство откако помина тест-возење од 6.000 километри, а станува збор за уште еден во низата домашни производи развиен од домашни експерти на турската одбранбена индустрија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Репортерската екипа на АА ѕирна во импозантната воена единица на осум тркала која со мотор од 720 коњски сили го разви турската компанија „Отокар“.

Генералниот директор на „Отокар“, Сердар Горгуч, рече дека компанијата произведува и извезува возила со погон 4 х 4 од 1987 година, и дека со сопствени ресурси во 2006 година го создала семејството на возилото „Арма“, а потоа развивала модели водејќи сметка за растечките потреби на пазарот.

„Отокар“ ги разви возилата „Арма“ со погони 6 х 6 и 8 х 8, а Горгуч истакна дека првата продажба на возилото во странство компанијата ја остварила во 2015 година. Неодамна од производната лента излегоа 400 возила „Арма“ со погон 8 x 8 за Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

„Пред две години почнавме да работиме на нов модел на возилата „Арма“ во согласност со растечките потреби, приспособливост на многу различни платформи, различни задачи и барања за поголема заштита од растечките закани. Конечно дојдовме до возилото кое го нарековме „Арма 2““, рече Горгуч.

Тој појасни дека моделот „Арма 2“ во однос на неговите претходници се разликува по значително подобрите перформанси, а првенствено по значително поголемата носивост.

„„Арма“ има осовинска носивост до 30 тони, а ја зголемуваме на 40 тони во „Арма 2“. Затоа обезбедуваме поголема заштита и од мини и од закани со кинетичка енергија. Имаме поголем внатрешен волумен. Имаме поинакви осовини. Со „Арма 2“ на корисникот му овозможуваме различни нови опции, поголема заштита и приспособливост на поголем број задачи“, објасни Горгуч.

– Интеграција на домашниот мотор –

Горгуч наведе дека „Отокар“ завршил голема работа за намалување на зависноста од странство и зголемување на стапката на домашно производство.

„Користиме многу локално произведени системи и потсистеми. На пример, системот за суспензија и преносното куќиште во „Арма“ беа узвозни, а сега во „Арма 2“ интегриравме домашни. Освен тоа, ние користиме домашен мотор во „Арма 2“. Користиме и 12,7-литарски мотор „Екоторк“. Во „Арма 2“, на меѓународните корисници им нудиме две опции на мотори со иста моќност, домашни и странски. Во тој контекст, тоа е првото турско возило 8 х 8 опремено со домашен мотор. „Арма 2“ и во оваа смисла, исто така е важен чекор. Освен менувачот, сите други системи за ладење се со дизајн на „Отокар“ и од домашно производство“, рече Горгуч.

– Сè е подготвено за сериско производство –

Првиот човек на компанијата „Отокар“, Горгуч, рече и дека тестовите на возилото „Арма 2“ траеле три години и дека сè е подготвено за почеток на сериското производство.

„Не ни требаат никакви дополнителни вложувања. Ги направивме сите релевантни вложувања и сите тестови се успешно завршени, спремни сме за масовно производство“, рече Горгуч.

– Амбициозен во земјата и во странство –

Нагласувајќи дека „Арма 2“ ќе ја зајакне позицијата на брендот „Арма“ на пазарот во Туркије и во странство, Горгуч рече дека во „Арма 2“ може да се користи посебна опрема за мисии и системи за тешко вооружување, што претходните модели не го можеа поради недоволна носивост.

Тој истакна дека во „Отокар“ сметаат дека платформата „Арма 2“ е силен кандидат за Проектот за возила од следната генерација, кој го спроведуваат Турските вооружени сили.

„Се трудиме да бидеме успешни на сите светски пазари со многу различни производи. Се надеваме дека и „Арма 2“ ќе биде чекор напред и ќе ни овозможи понатамошно проширување“, рече тој.

– Интеграција на тешко 120-милиметарско оружје –

Оклопното возило „Арма 2“ со погон 8 х 8 го разви тимот на „Отокар“ за истражување и развој, земајќи ги предвид асиметричните закани кои често се среќаваат во судирите на различни географски подрачја, покрај класичните борбени услови.

„Арма 2“ е возило дизајнирано да понуди највисока балистичка заштита, заштита од мини и рачно изработени експлозивни направи во својата класа во светот, заедно со високата способност за пристап на теренот.

„Арма 2“, со максимална оптовареност од 40 тони и мотор од 720 КС, овозможува интеграција на системи за тешки оружени системи и до калибар од 120 милиметри. Системот за управување може да ги контролира сите осовини во таа смисла, сите тркала се управувани.

Бидејќи е дизајнирана како модуларна платформа, „Арма 2“ може да се приспособи на различни задачи. Освен тоа што може да се користи како стандардно оклопно борбено возило на тркала и оклопен транспортер од класата на пешадија, во „Арма 2“ може да се интегрираат различни системи на оружје, опрема и различни системи.

„Арма 2“, која има различни варијанти, може да послужи како возило за извидување со возила за следење и прислушување, и како командно-контролно возило со својот голем внатрешен волумен и способност за многу брзо движење.

Со соодветни потсистеми, „Арма 2“ може да служи и во мисии за спасување на бојното поле, а со дополнителен волумен може да извршува различни задачи како одржување – поправки и итна помош.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судот во Стразбур на 16 февруари ќе ја објави одлуката за аболицијата од Иванов

Следно

ЕСМ Дистрибуција на топлина од денеска задолжена за дистрибуција на топлина и во населбата Автокоманда

Latest from Blog

Иран започна масовни апсења по крвавото задушување на протестите (ВИДЕО)

Помалите протести што започнаа минатиот декември во Големата чаршија во Техеран поради економските тешкотии предизвикаа долго потиснати пошироки незадоволства и брзо ескалираа во најголемата егзистенцијална закана за шиитската теократија во Иран во

ПССЕ донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија – важно институционално признание за напредокот на државата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен

Советот на Европа донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, информираше дека Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска донесе одлука за затворање на пост-мониторинг дијалогот со нашата држава, процес што беше отворен во 2000 година.

Коњановски: Ален и Адријан Рустемовски од Битола се вистински пример за младите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на манифестацијата „Спортисти на годината 2025“, на која двајца спортисти од Битола добија највисоки национални признанија. На настанот, заедно со секретарот на Општина Битола Борче

Василевска: Демократските стандарди на Македонија се меѓународно потврдени (ВИДЕО)

Пратеничката во Собранието на Република Македонија и редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, Иванка Василевска, информираше дека Парламентарното собрание на Советот на Европа донело одлука за затворање на пост-мониторинг
Go toTop