Доналд Трамп за изборот меѓу Путин и „битангите“ од американското разузнавање

February 1, 2023
1 min read

Трамп потсети на средбата со Путин во Хелсинки во јули 2018, по која од еден новинар беше запрашан дали повеќе му верува на рускиот претседател или на „нашите ‘разузнавачки’ битанги“, во врска со наводното руско мешање во американските избори 2016. Путин тогаш тврдеше дека Русија не се мешала, американската разузнавачка заедница беше на став дека Русија се мешала. На крај излезе дека Путин бил во право.

„Се сеќавате на Хелсинки кога треторазреден новинар ме праша, во основа, на кого му верувам повеќе, на рускиот претседател Путин, или на нашите ‘разузнавачки’ битанги?

Тогаш мојот инстинкт беше дека имаме многу лоши луѓе како Џејмс Коми, Мекејб (чија сопруга и помогна на расипаната Хилари додека расипаната беше под истрага), Бренан, Питер Стрзок (чија сопруга е во Комисијата за хартии од вредност) и неговата љубовница Лиса Пејџ.

Сега додадете го Мекгониал и другите на оваа листа на гнаси. Кого ќе го изберете, Путин или нив?“ напиша Трамп во пост на социјалната мрежа Трут.

По средбата со Путин во Хелсинки, Трамп беше жестоко осудуван од разузнавачите и политичарите, дека се сретнал со еден од најголемите американски противници и дека нему му верувал повеќе отколку на домашните експерти.

Периодов Трамп во повеќе наврати повтори дека руската инвазија на Украина никогаш не би се случила ако тој се уште беше претседател, и дека тој би можел да стави крај на војната за 24 часа кога би бил на власт.

Трамп е единствениот американски претседател во последниве децении што нема започнато ниту една војна дур беше на власт.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Правилата се исти за сите, Зијеш нема да биде регистриран, се враќа во Челси

Следно

Судот во Стразбур на 16 февруари ќе ја објави одлуката за аболицијата од Иванов

Latest from Blog

„Кралицата на кетаминот“ ја призна вината за смртта на Метју Пери- ѝ се закануваат 65 години затвор

Да ве потсетиме дека актерот беше пронајден мртов во џакузито во неговиот дом во Лос Анџелес во октомври 2023 година, а акутните ефекти на кетаминот беа наведени како причина за смртта. Јасвин

Уловил риба, а во нејзиниот стомак пронашол нешто ужасно: Ова е раката на водениот дух (ФОТО)

Рибарот го споделил морничавото откритие на Фејсбук, каде што објавата станала вирална, а корисниците на социјалните мрежи коментирале и шпекулирале што точно бил предметот во стомакот на рибата, објавува Дејли Стар. Објавата

Босанец се фалел на социјалните мрежи како вози со нозете- го стигна казна (ВИДЕО)

Откако видеото стана вирално, тој бил уапсен, потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон (ХНК). „Полициските службеници од Полициската управа Коњиц, со цел да го идентификуваат неидентификуваниот возач кој управувал патничко

Штрудла со вишни и леблебија

Сочно и миризливо, а вкусот му е неспоредлив. Состојки: тенки кори за баклава 400 гр вишни 100 гр леблебија 100 гр шеќер ванилин шеќер кисела вода масло шеќер во прав за наросување

По три децении, Битола повторно ќе го бодри националниот тим

Битола по цели 31 година повторно ќе биде домаќин на еден репрезентативен натпревар. На 9 септември, на стадионот „Петар Милошевски“, младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година ќе го одигра квалификацискиот
Go toTop