Столтенберг: Членките на НАТО не ѝ даваат доволно муниција на Украина

March 14, 2024
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Членките на НАТО не ѝ даваат доволно муниција на Украина, изјави денес генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јавува Анадолу.

Столтенберг на прес-конференцијата во Брисел го претстави годишниот извештај на НАТО за 2023 година и ја коментираше ситуацијата во Украина, каде што Русија пред две години спроведува специјална воена операција.

Тој изјави дека на Украинците не им недостига храброст, туку муниција.

„Сојузниците на НАТО не обезбедуваат доволно муниција за Украина и од тоа има последици на бојното поле секој ден. Факт е дека Русите умеат да се надигруваат со Украинците секој ден. Се разбира, тоа е голем предизвик, тоа е една од причините зошто Русите успеаја да постигнат одреден напредок на бојното поле во последните недели и месеци“, изјави Столтенберг.

Тој ги повика сојузниците да обезбедат повеќе муниција за Украина.

„И САД и Канада и Европа мора да направат повеќе“, рече Столтенберг, нагласувајќи дека членките на НАТО имаат „економии што можат да ѝ го дадат на Украина тоа што ѝ е потребно“.

Тој нагласи дека е прашање на политичка волја за донесување одлуки и приоритет за поддршка на Украина.

„И затоа ни се потребни одлуки за да инвестираме повеќе во одбранбената индустрија“, додаде генералниот секретар на воената алијанса.

Столтенберг рече дека би било голема историска грешка да се дозволи победа на рускиот претседател Владимир Путин.

„Не можеме да дозволиме авторитарни лидери да користат сила. Ова би било опасно за сите нас“, предупреди тој.

– Финска стана побезбедна –

Столтенберг рече дека Финска влегла во НАТО во 2023 година и станала побезбедна од порано.

Тој истакна дека речиси сите руски копнени сили биле распоредени против Украина.

„Значи, не гледаме никаква непосредна закана за ниту еден сојузник во НАТО“, рече Столтенберг, ветувајќи дека ќе ја следи ситуацијата и ќе ги заштити сојузниците.

– Избори во Русија –

На прашањето за внатрешната ситуација во Русија, во пресрет на претседателските избори што ќе се одржат од 15 до 17 март, Столтенберг рече дека во земјата нема демократија и дека опозицијата е потисната.

„Претседателот Путин со децении ја држи власта во Русија. И никој не очекува руските избори оваа недела да донесат некаква промена во Кремљ. И, се разбира, обидите на Русија да организира кој било дел од изборите во окупираните региони на Украина се целосно нелегални и претставуваат кршење на меѓународното право“, додаде генералниот секретар на НАТО.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протести на Тетовскиот универзитет поради Бујар Османи

Следно

Претставници на Туркије и НАТО се сретнаа на разговори за подготовките за претстојниот самит

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop