Уапсена е криминална група која криумчарела мигранти од Непал и Сирија

March 14, 2024
1 min read

Н:

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Ф.И.(33), С.Б.(33), А.И.(26), тројцата од Скопје и А.А.(37) и А.Ј.(33), двајцата од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в и „криумчарење на мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик и против Е.Б.(35), Б.С.(37), двајцата од Скопје, К.Е.(35), А.П.(37), двајцата Штип, Д.Ц.(44) од Виница, И.И.(19) од Куманово и Р.К.(32) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ казниво по член 418-в од Кривичниот законик.

Тие се приведени во координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти.

-За време на истрагата е дојдено до сознанија дека Ф.И., Е.Б., С.Б и Б.С. заедно со лице од странство организирале криминална група во Република Северна Македонија, која организирала криумчарење на поголем број мигранти, најмногу од Непал и Сирија, кои претходно веќе биле пристигнати и одреден период престојувале на територијата на Република Србија и Република Грција. Во договор со лицето од странство, мигрантите на територијата на Република Северна Македонија биле пренесувани од територијата на Република Грција преку илегални премини во околината на Гевгелија и Демир Капија, а потоа со помош на водичи координирано се доведувале на претходно утврдени и договорени локации. Исто така, организаторите на истиот начин криумчареле мигранти на територијата на Република Северна Македонија, кои биле пренесувани од територијата на Република Србија во околината на кумановско – липковскиот регион. Од овие локации членовите на групата ги преземале мигрантите со патнички и товарни возила и ги превезувале преку илегални премини кон државите на Европската унија, се наведуав во соопштенеито.

При реализацијата на оваа криминалистичка истрага беа извршени претреси кај пет лица во Скопје и Неготино. Од слобода се лишени четири лица, за едно лице се превземаат мерки за негово пронаоѓање, додека пет лица – членови на криминалната група веќе издржуваат затворски казни во Казнено – поправните установи Скопје, Идризово, Куманово и Гевгелија за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“, „силување“, „разбојништво“, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба“. При извршените претреси пронајдени и одземени се поголем износ на парични средства, пиштол, патнички моторни возила, мобилни телефони, СИМ картички и т.н. Во соработка со затворските установи извршени се прегледи кај лицата кои издржуваат казна затвор, при што пронајдени се мобилни телефони.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Светски ден на бубрегот: Најмалку 150 луѓе чекаат трансплантација на бубрег

Следно

Протести на Тетовскиот универзитет поради Бујар Османи

Latest from Blog

Објавена причината за смртта на режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга!

Сега причината за смртта на холивудската двојка е официјално потврдена. Канцеларијата на судскиот обвинител на округот Лос Анџелес објави дека двојката починала од „повеќекратни повреди од тап предмет“, пишува Дејли меил. Познатиот

Божиновска: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура и меѓународната соработка

Енергетската политика на Македонија се гради системски, врз основа на закони, институционални решенија и меѓународна соработка, порача министерката за енергетика Сања Божиновска по состанокот на Енергетската заедница. Како што информираше таа, на

Ролат од тиква и крем сирење

    Состојки: 60 грама брашно 100 грама мелени бадеми 1/2 лажичка прашок за пециво 1/2 лажичка сода бикарбона 1/2 лажичка цимет 1/2 лажичка мускатно оревче малку рум 3 јајца 100 грама кафеав
Go toTop