Пејачката Шарлот Чрч објави дека нејзиното семејство добива закани поради поддршката за Газа

March 13, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Пејачката и текстописец Шарлот Чрч, која учествуваше на собирот за солидарност за Палестина во Лондон, објави дека нејзиното семејство добило закани поради поддршката за Газа, јавува Анадолу.

Пејачката, родена во Велс, по собирот, на кој присуствуваше изминатиот викенд, објави дека сака да одговори на обвинувањата и клеветите против неа за учеството на пропалестинскиот настан.

Истакна дека поради нејзината поддршка за Газа обвинета е дека е „антисемит“ и „предавник“.

Оваа 38-годишна пејачка рече дека апсолутно не прифаќа такви обвинувања.

Како што рече, била изложена на сите форми на насилни, мизогени и расистички коментари на социјалните мрежи и обвинета е дека е екстремист само поради учеството на собирот за солидарност со Палестина.

Таа додаде дека многумина во медиумите и на социјалните мрежи ја обвинуваат дека е „антисемит“ откако присуствувала на собирот за да соберат пари за купување ново амбулантно возило за болница во Газа.

Таа нагласува дека никогаш не била ниту, пак, ќе биде антисемит иако, како што рече, ја исмеваат и ја навредуваат некои моќни и познати лица само затоа што се противи на израелските ѕверства во Газа и на Западниот Брег и соучеството на Западот во овие злосторства.

„Мојата лична сигурност и безбедноста на моето семејство ги загрозуваат некои прилично опасни луѓе охрабрени од реториката на политичарите и кукавичкото, неодговорно известување дури и на некои либерални медиуми“, рече таа.

Истакна дека чувствува потреба да одговори на нападите насочени против нејзината личност.

„Мора да зборувам затоа што кампањата со која се повикува на прекин на израелската агресија во Палестина од почетокот на геноцидот доби многу мало медиумско внимание, освен што е окарактеризирана како ‘омраза’ или ‘исламистичка’“, рече Чрч.

Пејачката учествуваше на маршот за поддршка на Палестина што се одржа во Лондон на 9 март, а потоа пееше за палестинскиот народ на бината поставена во близина на американската амбасада во Лондон.

Чрч се стекна со слава во своето детство како пејачка на класична музика пред да се сврти кон поп-музиката во 2005 година. До 2007 година таа продаде повеќе од десет милиони плочи низ светот, над пет милиони во Соединетите Американски Држави (САД).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Странските инвестиции останаа во странство

Следно

Ердоган: Со безбедносниот коридор долж јужната граница спречуваме огнот околу нас да се прошири кон Туркије

Latest from Blog

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата
Go toTop