Комисијата за заразни болести утре треба да ја појасни одлуката за забрана за прием на деца во градинките

March 13, 2024
1 min read

Од состанокот на Комисијата за заразни болести утре треба да биде појасно за родителите и за вработените во градинките во Скопје дали забраната за прием на невакцинирани деца со ДиТеПер важи за тие што не се вакцинирани или и за тие што не ја примиле ревакцината.

Поради забуната во јавноста и различното толкување на „целосно неимунизирани“ не е јасно дали се работи за вакцина, која се прима во три дози – на двомесечна, тримесечна и на шестмесечна возраст, или  ја опфаќа и ревакцината, која според календарот за имунизација треба да се прими на 18-месечна возраст односно една година по последната од трите дози на вакцината.

Од понеделникот, кога поради прогласената епидемија на голема кашлица (пертусис) во Скопје стапи во сила забраната за прием на целосно невакцинирани деца, родители се соочуваат со проблем да ги остават своите деца во градинка иако ја примиле вакцината, но не и ревакцината. Некои  ги носат децата на предвремена ревакцинација, во некои пунктови одбиваат да ги ревакцинираат пред возраста утврдена со календарот. Има случаи и кога од здравствени или од други причини детето не може да ја прими ревакцината на една и пол година и таа е одложена за подоцна.

Министерот за здравство Илир Демири денеска на прес-конференција рече дека за вакцинирано се смета детето што ги примило трите дози од вакцината и очекува дека Комисијата по утрешниот состанок ќе го прецизира толкувањето на одлуката.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како да препознаете нарцис и да се заштитите?

Следно

Странските инвестиции останаа во странство

Latest from Blog

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во
Go toTop