Од 10 владина седница

March 12, 2024
1 min read

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, утврди текстови на два предлог на закони во областа на енергетската сфера: Предлог на Закон за обновливи извори на енергија и Предлог на Закон за енергетика, чијашто материја претходно била уредена во еден закон. 

Новината што се воведува, да има посебен закон за обновливи извори на енергија, според посочувањето од предлагачот, Министерството за економија, е согласно определбата на Владата за поттикнување инвестиции во областа на обновливите извори на енергија, како и согласно ваквите определби и законски одредби на Европската Унија. 

Клучната цел на Предлогот на Закон за обновливи извори на енергија е поедноставување на процедурите во однос на употребата на обновливите извори на енергија, на линија на законодавниот Пакет на ЕУ за чиста енергија. 

Клучната цел на Предлогот на Закон за енергетика е транспонирање на регулативите и директивите на ЕУ – за сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и постигнување енергетски ефикасен, конкурентен и финансиски одржлив енергетски сектор, со примена на начелата на недискриминација, објективност и транспарентност. 

Двете предлог законски решенија се работени со поддршка на УСАИД. 

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за одбрана за потребата на доделување договор за набавка на повеќенаменски транспортни хеликоптери, со склучување договор влада со влада помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република. 

Овластена е министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во име на Владата на Република Северна Македонија, да го потпише Аранжманот помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија во име на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република, за соработка во полето на воената хеликоптерска авијација. 

Согласно потребата за реформа на одбранбениот сектор и негова интеграција во НАТО, утврдена во Стратегискиот одбранбен преглед, како што е соопштено од Министерството за одбрана, се постапува по Долгорочен план за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија, за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО. 

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија, за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (Enhanced Forward Presence -eFP ) во Република Летонија. 

Владата, по укажување на дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, дека со едностран потпис, само од страна на министерот за внатрешни работи, се донесени пет наредби за кадровски прераспоредувања и распоредувања во подрачни сектори на МВР и во Бирото за јавна безбедност, ваквите акти, како второстепен орган, ги прогласи за ништовни. 

Согласно Законот за Влада на Република Северна Македонија, заради организирање на избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и потпишува сите акти и документ – во спротивно не произведува правно дејство.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Будимпешта го повика американскиот амбасадор поради коментарот на Бајден за Орбан

Следно

Силувано малолетно девојче во Крива Паланка, случајот го пријавила мајката

Latest from Blog

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop