Приведен напаѓачот на момчињата кај Штрпце, станува збор за припадник на КБС

January 6, 2023
1 min read

На Стефан Стојановиќ и Милош Стојановиќ, ранети во нападот во Готовуша, им била укажана лекарска помош во блискиот Здравствен дом, а потоа биле испратени на хируршкото одделение во Грачаница

Косовската полиција соопшти дека привела осомничен за ранувањето на двете момчиња од српска националност врз кои беше пукано од возило во движење додека носеле бадниково дрво.

Како што се наведува во соопштението, „по интензивна истражна работа, подрачната полиција Урошевац собрала информации на терен, го идентификувала и потоа го уапсила осомничениот А.К на возраст од 33 години“.

„Осомничениот е под надзор на Урошевачката полиција, односно Подрачното одделение за истраги за други истражни дејствија“,

се наведува во соопштението.

Приведениот е припадник на косовските безбедносни сили, објави Индекс онлајн, пренесе Косово онлајн.

Две српски момчиња, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21) беа ранети денеска во Готовуша кај Штрпце кога без причина, локален Албанец, пукал во нив од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија.

Според соопштението, во моментот на нападот, децата се движеле покрај патот и носеле бадниково дрво кога напаѓачот отворил оган врз нив.

Лекарот од амбулантата каде биле примени момчињата, информира дека тие не се во животна опасност.

На Стефан Стојановиќ и Милош Стојановиќ, ранети во нападот во Готовуша, им била укажана лекарска помош во блискиот Здравствен дом, а потоа биле испратени на хируршкото одделение во Грачаница.

„Малиот е застрелан во надлактицата, го испраќаме во Грачаница, бидејќи куршумот му останал во раката, другиот бил застрелан во дланката, и него му останал еден куршум, двајцата ги праќаме на одделението за хирургија. Децата се под стрес, ќе видиме што ќе биде“, изјави докторот во амбулантата каде се лекувале децата,

пренесе Косово онлајн.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Курти со осуда за пукањето врз српските момчиња: Осомничениот несомнено ќе се соочи со судските власти

Следно

САД воведоа нови санкции против иранските добавувачи на беспилотни летала за Русија

Latest from Blog

Коњановски: Од граѓаните до институциите – заеднички кон модерна Битола

Битола – Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средби со граѓаните од урбаните заедници во централното градско подрачје. Во рамки на кампањата „Предложи идеја“, жителите имаа можност директно да ги

Анџелина Џоли го смени имиџот, фановите се шокирани од новата фризура (ФОТО)

Познатата актерка моментално е во Лондон за снимањето на новиот филм „Anxious People“, а папараците ја фотографираа со светло руса кратка коса, предизвикувајќи изненадување кај нејзините обожаватели, со оглед на тоа што

Се урна авион во Денвер, има загинати

Мал комерцијален авион се урна денес и се запали недалеку од Денвер во американската држава Колорадо, а во несреќата загинаа две лица, објавија американските власти. „Несреќата се случила јужно од аеродромот „Сентенијал“
Go toTop