Реакција од НСПВ за Законот за вработени во МО и за Колективниот договор

March 12, 2024
1 min read

Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје (НСПВ) денеска реагира преку соопштение по вчерашната прес-конференција во Министерството за одбрана, во врска со Законот за вработените во одбраната и за Колективниот договор. Во соопштението се наведува дека не било прифатено ниту едно од нивните барања и предлози ниту во однос на Законот, ниту за Колективниот договор.

Од НСПВ посочуваат дека имале едно барање за Законот за вработените во одбраната, а тоа е професионалните војници со високи образование да ги пополнат испразнетите места во МО, со што, како што наведуваат, ќе се вреднува и образованието и трудот на професионалните војници.

Колективниот договор, стои во соопштението од НСПВ, н ахартија е едно, а во реалност е друга ситуација. Тие тврдат дека се уште селективно се исплаќаат прекувремените и ноќните часови, нема хранарина, нема исплата на патни трпшоци, а има, се подвлекува во соопштението, намалени синдикални права за заштита на синдикалните претставници…

– На професионалните војници им е сопрена исплатата на опремнината за прекин на работниот однос  по однос на наполнување на 45 години со изговор дека е изборен период, се вели меѓу другото во соопштението од НСПВ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска се навршуваат 21 година од убиството на Зоран Ѓинѓиќ

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Не знаеме со кој образ повторно ќе излезе Пендаровски на избори да ја бара довербата од граѓаните

Latest from Blog

Поморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превоз

Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако

Променливо облачно време со краткотраен локален дожд

Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат
Go toTop