Русите ги сефтосаа Абрамсите

March 8, 2024
1 min read

Со ова Абрамсите се најдоа на листата на жртви на украинските „гробишта на тенкови“ на која изминативе шест месеци се запишаа најтешките тенкови на Германија и Британија, Леопард и Челенџер. Како што пишува Нешнл интерест, воведувањето на западните тенкови беше отежнато и од комплицираната обука што требаа да ја минат украинските екипажи инаку навикнати на советски модели.

Снимките од уништувањето на тенковите беа веднаш употребени од руската пропаганда, а руски војници се снимаа како му заблагодаруваат на Бајден за испраќањето тенкови бидејќи им овозможил да си купат станови (руската армија дава високи парични награди посебно за секој уништен западен тенк).

САД минатата година се обврза дека ќе и испорача на Украина 31 М1 Абрамс тенк. Тогаш дел од експертите уверуваа дека тенковите ќе го сменат соодносот на силите на фронтот во корист на Киев, нешто што до сега не успеа.

Освен потешкотиите во совладувањето на обуката, проблематичен е и малиот број на тенкови кои се испратени во Украина. Освен 31 Абрамс, Украина доби 14 Челенџер 2 тенкови и 80 Леопард 2. Процените се дека за судирот со Русија на Украина и се потребни стотици вакви тенкови.

Како и со добар дел од американската помош и со Абрамсите проблем е што стигнаа кога веќе беше доцна, па така тие влегоа во борба дури пред еден месец, далеку по почетокот на украинската контраофанзива.

„Украина стана гробница на тенкови, и без разлика дали американските воени функционери сакаат да го признаат тоа, трите М1 Абрамс се само дополнителни лешеви.

Тие гореа како и другите тенкови – и како илјадниците тенкови пред нив,“ пишува Питер Сику во текстот за Нешнл интерест.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пановски: Исчезнале 29 нови клупи на кејот на Вардар во Градскиот парк

Следно

Ѓоковиќ најави дека тој и Надал нема да играат уште долго

Latest from Blog

СЕ ТРЕСЕШЕ ТЛОТО ВО ЗАПАДНИОТ ДЕЛ ОД ЗЕМЈАВА, еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 00 часот и 06 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда,

ВЛЕН: 24 месеци отчетност, реформи и конкретни резултати

ВЛЕН одбележа 24 месеци учество во Владата под мотото „Транспарентност и отчетност“, истакнувајќи дека изминатите две години се обележани со конкретни реформи, реализирани проекти и политики насочени кон подобрување на животот на

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква
Go toTop