Тошковски: Ќе им обезбедам кабини на Џафери и на Османи за да помогнат во фотографирањето на граѓаните

March 6, 2024
1 min read

Наместо со своите изјави дека процесот на издавање на лични документи може да оди побрзо, нека дојдат техничкиот премиер Талат Џафери и министерот Бујар Османи во МВР, јас ќе им обезбедам кабини и нека се вклучат во фотографирање на граѓаните за добивање на лични документи, им порача денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. Неговата реакција беше предизвикана по денешната прес-конференцијата на Џафери од која тој упати критика до МВР и рече дека има доволно време до изборите граѓаните да ги заменат личните документи.

-Ако е толку оптимист Талат Џафери дека со амбициозност процесот на замена на документите може да се заврши навреме, а исто и министерот за надворешни работи, кој многупати изразува само загриженост за целиот овој проблем, двајцата заедно нека дојдат во МВР. Јас ќе им обезбедам посебни кабини за да можат заедно со полициските службеници да помогнат во процесот на фотографирање. Ќе им дадеме посебни картички, тие државна тајна, па нека помогнат во фотографирањето, рече Тошковски кој денеска престојуваше во посета на полициската станица во Чашка.

Тој објасни дека во моментов МВР го има за неколку пати зголемено капацитетот на изработка и издавање на пасоши, но ограничувањето на нивното печатење и натаму останува. Тошковски повторно ги повика партиите да овозможат граѓаните непречено да гласаат на изборите.

-Нека седнат, нека се договорат политичките партии во Собрание, нека го изгласаат барем Изборниот законик. Ете има добра волја од претседателот на привезоков на ДУИ да седнат и да го прифатат предлогот на претседателот на ДИК. Како не им е срам, нека седнат и нека си ја сработат работата за која што се платени, изјави Тошковски.

Министерот рече дека странските држави имаат повеќе разбирање за македонските граѓани отколку македонската власт.

-Со патна исправа со старото име може да се влезе во Република Хрватска без никаков проблем исто и во Република Унгарија, а оттаму  без никаков проблем. Оттаму може да се влезе во Словенија и знаете согласно правилата на ЕУ, може да се патува слободно. Еве и шпанскиот амбасадор ми рече дека сега како што е ситуацијата, тие имаат големо разбирање за македонските граѓани, информира Тошковски.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЗСИ: Јасно е дека „Санте плус 2“ вршела здравстена дејност без дозвола и лиценца.

Следно

ЈАПОНСКИОТ АРХИТЕКТ РИКЕН ЈАМАМОТО Е ГОДИНАШНИОТ ДОБИТНИК НА ПРИЦКЕРОВАТА НАГРАДА

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop