Русија: Нуклеарните постројки во Северна Европа ќе бидат „легитимни цели“

March 6, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денес изјави дека северноевропските објекти во кои е сместено американското нуклеарно оружје ќе се сметаат за легитимни воени цели во директен судир меѓу Руската Федерација и НАТО.

Коментирајќи ги изјавите на претседателот на Финска, Александар Стуб, за важноста од постоење сили за нуклеарно одвраќање, Захарова на прес-конференцијата во Сочи рече дека такви објекти ќе бидат извор на директна закана за Русија.

„Не треба да сте воен стратег за да разберете дека таквите објекти ќе претставуваат извор на директна закана и неизбежно ќе бидат вклучени во списокот на легитимни цели дефинирани со сценариото за директен воен судир меѓу нашата земја и НАТО“, нагласи таа.

Спротивно на очекувањата на Стуб, рече портпаролката, распоредувањето на американското нуклеарно оружје ќе ја влоши безбедноста на земјите домаќини.

Захарова праша дали Стуб побарал мислење од своите гласачи за ова прашање и дали тој самиот ги сфаќа ризиците од таквиот потег.

„До кој степен финските граѓани се свесни за ризиците со кои ќе мора да се соочат е големо прашање… Бидејќи (таквата одлука) навистина ќе промени многу во контекст на безбедноста на оваа земја и други прашања релевантни за оваа држава“, рече таа.

Во мај 2022 година Шведска и Финска поднесоа барање за влез во НАТО, напуштајќи ја својата долгогодишна политика на воена неутралност, откако Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина на 24 февруари 2022 година.

Финска официјално му се приклучи на НАТО на 4 април 2023 година. Првично, Унгарија и Туркије се спротивставија на апликацијата на Шведска поради постојните антитерористички прашања. Меѓутоа, во јули 2023 година турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави дека двете земји постигнале договор, а Анкара го повлече својот приговор.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека Будимпешта, исто така, нема да го блокира влезот на Шведска и дека ќе го поддржи нејзиното членство.

Шведска ги заврши своите процедури за членство минатиот месец и треба официјално да се приклучи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарскиот Парламент ја прифати оставката на владата

Следно

Хејли се повлекува од претседателската трка на Републиканците

Latest from Blog

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за

Кои европски земји имаат минималец над 2.000 евра?

Евростат ги објави минималните плати за втората половина од 2026 година, покажувајќи дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека
Go toTop