Скопскиот суд се прогласи за ненадлежен за обвинението против Рамиз Мерко, предметот е препратен до судот во Струга

March 6, 2024
1 min read

 

Основниот кривичен суд Скопје се прогласи за ненадлежен да постапува по однос на обвинителниот предлог кој Основното јавно обвинителство за гонење на оранизиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) го поднесе против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за злоупотреба на службената положба и овластување.

 

Предметот, како што посочуваат од скопскиот суд, ќе биде доставен до Основниот суд Струга со оглед на тоа што надлежноста да постапува е на судот на чие подрачје е извршено кривичното дело.

Обвинението против Мерко се однесува на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 4 во врска став 1 од Кривичниот законик. Во врска со ова, од скопскиот кривичен суд велат:

„Согласно член 32 од Законот за судови, Специјализираното одделение (КОК) при Основниот кривичен суд Скопје е надлежно за кривичните дела: Злоупотреба на службена положба од чл. 353 ст.5, Примање поткуп од значителна вредност од чл. 357 и Противзаконито посредување од чл. 359 од КЗ, извршени од избран или именуван функционер, службено лице или одговорно лице во правно лице“.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарското Народно собрание ја прифати оставката на премиерот Денков

Следно

Судски совет незадоволен од одлуката да не им растат платите на судиите

Latest from Blog

Релативен мир на Ормутскиот теснец, бродовите полека минуваат- САД чекаат одговор од Иран

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, во петокот изјави дека Вашингтон очекува одговор во рок од неколку часа. Но, немаше индикации за напорите на Техеран да се изјасни за предлогот, кој формално
Go toTop