Израел во нападите на Газа уби 30.717 Палестинци, 86 последните 24 часа

March 6, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројот на загинати Палестинци во смртоносната офанзива на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 30.717, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, пренесува Анадолу.

Израелскиот смртоносен напад врз Газа влезе во својот 152-ри ден.

Во тековните напади на Израел повредени се и 72.156 Палестинци, се додава во соопштението.

Се истакнува дека израелската војска во изминатите 24 часа извршила девет масакри низ Појасот Газа во кои загинале 86 лица, додека 113 се повредени.

„Многу луѓе се заробени под урнатините и на патиштата, спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Министерството соопшти дека израелската војска досега убила 348 лица медицински персонал, а уапсила 269, вклучително и директори на болници во северниот дел на Појасот Газа и во Хан Јунис на југот.

Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот упад на Хамас на 7 октомври.

Според Обединетите нации, израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се расели, предизвика постојан недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да се гарантира влез на хуманитарната помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Во Скопје вкупно 141 случај на голема кашлица, нови три од утрово

Следно

Идејата на Зеленски за рехабилитација на украински деца и војници се разгледува во Скопје

Latest from Blog

Теренскиот караван на ВЛЕН стартуваше од Дебар со фокус на проекти и инфраструктура

Од градот ВЛЕН започна теренскиот караван по нејзиното консолидирање во единствен политички субјект, при што копретседателите Изет Меџити и Биљал Касами ја започнаа теренската агенда со посета на градот Дебар. Првата станица

Еве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Откако САД, Мексико и Германија го обезбедија првото место во своите групи, започнаа пресметките за можните соперници во елиминациската фаза. Токму поради ова, потенцијалниот судир меѓу двете европски суперсили, Франција и

Венс за преговорите со Иран во Швајцарија: Oчекувам дополнителен напредок во наредните часови

Во екот на повторна ескалација на судирите меѓу Либан и Израел, што доведе до нови ирански закани за спуштање на „рампата“ на Ормускиот теснец – во малиот швајцарски рај – Бургеншток кај

Коњановски: „Car Show – Битола 2026“ со рекордна посетеност и богата програма

Исклучителна чест ми беше да го посетам „Car Show – Битола 2026“, настан кој годинава повторно потврди дека Битола може да организира манифестации со меѓународен карактер и високо ниво на организација, истакна

Почна одбројувањето за владините фотелји – кој ќе преживее до први јули?

Од „Илинденска“ потврдуваат дека Мицкоски останува на позицијата внимателно да ги следи состојбите во институциите и реконструкцијата е резултат на неговото незадоволство од функционери што се оддалечуваат од принципите врз кои е
Go toTop