Турски МИТ неутрализираше високорангиран терорист на ПКК во северен Ирак

March 6, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Турската разузнавачка служба (МИТ) неутрализираше терорист на ПКК во ирачкиот северен регион Султаније, известува Анадолу.

Неутрализиран е Хусну Кумек, еден од високорангираните луѓе на терористичката организација ПКК во Сулејманије.

Според информациите од безбедносни извори, утврдено е дека во Сулејманије се наоѓа терористот Кумак, со кодно име „Шевгер Азад“ и „Арас“, кој своевремено им бил курир и телохранител на Џемил Бајик и на Дуран Калкан, кои беа меѓу водечките луѓе на терористичката организација ПКК.

Утврдено е дека терористот Кумек, кој бил во т.н. разузнавачка формација на терористичката организација ПКК, организирал обука за круговите што ја поддржуваат организацијата во Сулејманије и Келар, пренесувал разузнавачки податоци до кои успевал да дојде во текот на својата работа до повисокото раководство на организацијата и го организирал народот од регионот против Туркије.

Откако е утврдено неговото засолниште, МИТ го неутрализирал терористот Кумек.

Кумек, кој на терористичката организација ПКК ѝ се приклучил во 1999 година, во периодот од 2002 до 2003 година ги извршувал т.н. медиумски активности на Дуран Калкан, еден од лидерите на организацијата.

Терористот Кумек, познат како еден од членовите од доверба на Џемил Бајик, еден од водачите на ПКК, беше баран од Главното обвинителство на Истанбул поради кривичното дело „членство во вооружена терористичка организација“.

ПКК е сепаратистичка терористичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Туркије, Европската Унија и САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден и Трамп постигнаа победи на „супервторник“, се поизвесна е реприза на изборите од 2020 година

Следно

Одеса повторно нападната со дронови, објавен аларм за тревога

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и

Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец. Акцијата, која се

Николоски: Коридор 8 се гради со засилена динамика

Инфраструктурните проекти на паневропските коридори се клучни за економската иднина на земјата, а нивната реализација ќе спречи Македонија да остане изолирана од главните транспортни текови, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар
Go toTop