Дневен хороскоп за среда, 6-ти март 2024-та

March 6, 2024
2 mins read

ОВЕН

Не преачајте со доверба, сѐ што ќе ви биде кажано, бидејќи некој може да ве наполни со лажни информации. Вооружете се со трпение и тактичност, иако не сакате да молчите. Ќе стекнете почит од луѓето околу вас, особено од колегите. Потчинете ѝ се на судбината и воздржете се од избразни дејства.

БИК

На врвот сте, среќни и исполнети со желба да ги расположите луѓето околу вас. На работното место правовремено ќе ги давате своите изјави. Вашите барања ќе бидат прифатени. Ќе исчезне чувството на здодевност коешто ве обземало. Ве очекува успех и признание, доколку сте сигурни во себеси.

БЛИЗНАЦИ

Денот ви ветува успех, иако ќе се најде некој што ќе ве направи нервозни. Ќе запознаете луѓе на чиешто присуство ќе треба да се прилагодите. На работното место покажете го вашиот организациски талент. Имате акумулирано средства кои имате намера да ги вложите во сопствен бизнис.

РАК

Погрешното проценување некого, може да биде причина за проблеми. Важно е да ги прифатите тешкотиите како предизвик и да докажете дека лесно ги надминувате. На работното место пречките се поврзани со нови барања за кои не сте можеле однапред да разговарате и тешко ќе се навикнете на нив.

ЛАВ

Заштедете ја вашата енергија и не оптоварувајте се со многу работа. Не пополнувајте банкарски и финансиски документи, бидејќи сте расеани. Водете ги разговорите кои долго време ги планиравте и подготвени сте со вашите барања. Бидете внимателни и немојте да бидете измамени со ветувања за лесен профит.

ДЕВИЦА

Неочекуваните тешкотии ќе ве спречат да ги направите планираните промени. Причината е во вас, поради превиди и неисправени грешки, но доцнењето ќе ви помогне да избегнете неуспеси. Спроведете ги одложените разговори. Денот е добар за комуникација со најблиските и колегите. Искористете ги предностите за да постигнете компромис ако вашата врска е затегната.

ВАГА

Вие сте во хармонија со себеси и со светот околу вас. Комуникацијата дава моќ ако внимавате кого пуштате да влезе во вашиот живот и не му верувате премногу. Непријателите кои долго време се обидуваат да ви наштетат, ќе се казнат себеси за нивната злоба. Причината за нивното однесување е помошта што им ја дадовте, а тие не ја ценеле.

СКОРПИЈА

Се нервирате што никој не го слуша вашето мислење. Патувањата и деловните состаноци ќе ви донесат успех. Започнете ги вашите нови активности доколку биле планирани претходните денови, но не потпирајте се на помош. Импулсивните постапки ќе ви наштетат. Доколку ги избегнувате, резултатите ќе ви го донесат признанието кое долго го чекавте, на изненадување на вашите колеги.

СТРЕЛЕЦ

Вашата јавна активност, особено ако е и политичка, е причина да се чувствувате непријатно пред колегите. Бидете сериозни на вашето работно место и третирајте ги вашите проблеми со потребната длабочина. Анализирајте ги вашите грешки и обидете се да ги отстраните, особено поврзани со вашите работни односи.

ЈАРЕЦ

Ќе почувствувате чудно спротиставвуање меѓу луѓето околу вас, особено кај колегите. На работното место избегнувајте разјаснување на односите и изливи на гнев, дури и доколку бидете изнервирани. Недостигот од самодоверба ви штети. Имате можност да ја стабилизирате финансиската состојба.

ВОДОЛИЈА

Премногу сериозно ги сфаќате шегите на вашите соработници, а потоа се лутите што ве исмејуваат. Сте се зафатиле со работа во којашто може да доживеете неуспех поради вашата пречувствителност. Не ги разјаснувајте вашите односи со никого. Избликнатата емоција ве спречува да гледате реално на она што се случува на работното место.

РИБИ

Ќе мора да присуствувате на настан каде што ќе стекнете нови деловни партнери. Внимавајте да не дозволите вашата лековерност да ве одведе на погрешен пат. Неподготвеноста да се справите со вашите задачи има негативно влијание врз вашите професионални должности. Подложени сте на променливо расположение, раздразливост и внатрешна напнатост, кои одвај успевате да ги прикриете.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Целиот свет ми се сруши“: Снежана Ѓуришиќ останала без тројцата најважни мажи во нејзиниот живот, но по неговата смрт не можела да живее нормално

Следно

Времето денеска: Променливо облачно со услови за повремен дожд и грмежи

Latest from Blog

Џенифер Лоренс јавно го „чепна“ заводникот Леонардо Дикаприо: „Изгледаш одлично со…“

Убавата актерка Џенифер Лоренс предизвика големо внимание во јавноста поради верувањето дека суптилно јавно го критикувала својот колега Леонардо Дикаприо за неговиот љубовен живот, односно партнерките кои ги избира. Двајцата биле гости

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската
Go toTop