Бериша останува во куќен притвор

March 5, 2024
1 min read

Врховниот суд денеска ја отфрли жалбата на поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, за укинување на мерката куќен притвор.

Барањето беше доставено на 25 јануари, а денешната одлука значи дека останува во „куќен притвор“, мерка која му беше изречена на 30 декември минатата година.

Оваа мерка против него беше донесена откако не ја испочитува мерката „задолжително јавување“, одбивајќи да оди на распит во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК.

Бериша е осомничен за висока корупција, фаворизирајќи го зетот за ќерка во процесот на приватизација на државно земјиште на спортскиот комплекс “Партизан” во Тирана, додека бил премиер.

Бериша беше претседател на Албанија од 1992 до 1997 година, а од 2005 година до 2013 година ја извршуваше функцијата премиер.

Од мај 2021 година на Бериша и неговото семејство им е забранет влез во САД поради, како што наведе Стејт департментот, вмешаност во злоупотреба на јавните фондови и оти ја користел моќта за да стекне корист за себе, за членови на семејство и за политички соработници.

Денеска судот го одбил барањето и на неговиот зет Џамарбер Малтези, кој, исто така, останува во куќен притвор, но и барањето на СПАК да оди во затворски притвор.

Тој е обвинет дека на нерегуларен начин се здобил со 5,4 милиони евра преку изградба на повеќекатници на просторот на спортскиот комплекс.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голема кашлица; контроли во градинките

Следно

Милошоски за ТВ 24: Политичките партии кои поддржуваат кандидати во првиот круг, ќе може да си ја насликаат изборната победа во вториот круг

Latest from Blog

Николоски: Од март „Флајдубаи“ директно ќе лета од Дубаи до Скопје

Од март 2027 година ќе биде воспоставена директна авиолинија меѓу Дубаи и Скопје, а паралелно се водат разговори за директно поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, соопшти

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop