Супер вторник“ во САД

March 5, 2024
1 min read

Џо Бајден и Доналд Трамп убедени во победа на супер вторник, денот кога во 15 сојузни држави се оддржуваат избори за претседателски кандидат од Републиканската и Демократската партија.

Делегатите од 15-те држави, кои се речиси третина од вкупниот број, многу често го отвараат патот за трката во Белата куќа. За седум дена, избори ќе има и во уште четири држави по што ќе бидат решени сите прашања околу тоа кој ќе учествува на изборите закажани за номври годинава.

Кај демократите бајден има најголеми шанси повторно да биде кандидат, со оглед на тоа дека досега неговите сопартијци не покажаа сериозни намери да го оспорат обидот на актуелниот шеф на државата да оди на резибор. Кај републиканците доминира екс претседателот Доналд Трамп, кој освен во округот Колумбија, победи на сите гласања досега..Во дуелот во републиканската партија, Трамп има најголеми шанси да победи во Тексас и Калифорнија, двете сојузни држави кои на партиската конвеција испраќаат најголем број делегати.

– Тоа е како вотерлу за кандидатите кои ќе изгубат. Ако не поминете добро на супер вторник, кандидатите и од двете партии ќе имаат многу тешка задача пред себе. – изјави Дејвид фарис професор по политички науки на универзитетот Рузвелт.

Ники Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина и амбасадорка на САД во Обединетиет Нации, е е единствениот противкандидат на Трамп. И покрај скромните резултати, Хејли останува во трката кај републиканци и се позиционира како опозициски кандидат на двата главни кандидати Бајден и Трамп. На избирачките места ширум САД, супер вторник е одлучувачки и е најважен ден на календарите на политичките партии. Но, анкетите покажуваат дека голем број на Американци, не сакаат повторување на дуелот од пред 4 години.

„Голем процент од Американците велат дека не сакаат повторување на мечот меѓу Трамп и Бајден. Тоа е некаде од 60 до 65 проценти, што е голем процент. Денеска 65 проценти од Американците не можат ниту да се сложат дека небото е сино.“ – изјави Давид Дулио политички аналитичар.

Со 874 од вкупно 2.429 делегати супер вторник многу често им ја запечатува судбината на бандидатите. Во минатото лошиот резултат значеше крај на трката за Ал Гор, Џон Кери и Џеб Буш.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во цел свет паднаа Фејсбук и Инстаграм, корисниците не можат да се логираат

Следно

Голготата со личните документи на граѓаните продолжува, најверојатно ќе може да се гласа без „Северна“

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Артета: Многу тажен ден…

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, мирно го коментираше поразот од 2-0 од Манчестер Сити во финалето на Карабао Купот. „Ме боли, особено за нашите играчи и навивачи, бидејќи навистина сакавме да го
Go toTop