На грчките плажи 70 отсто од површината треба да биде слободна и без лежалки

March 5, 2024
1 min read

По ланското движење на граѓани за слободни плажи и против нелегално поставените лежалки и чадори од баровите, кое од островот Парос се прошири и во други делови на Грција, сега, грчката Влада изгласа нов закон, а премиерот Кирјакос Мицотакис најави дека ќе се стави ред на плажите, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку видео објавено на Тик Ток, Мицотакис објасни што предвидува новиот закон што веќе доби зелено светло од Парламентот.

-За она што го гледавме, одиш на организирана плажа и е преполна со лежалки, сега обезбедуваме дека 70 отсто од површината на плажата треба да биде слободна и ќе треба да постои минимално растојание од четири метри од морето до првиот ред лежалки, за да го немаме повеќе она кога лежалките всушност се во вода, рече Мицотакис.

Објасни дека за плажите што се во заштитените области Натура, наместо 70, ќе треба да биде слободна 85 отсто од површината, односно лежалки и чадори ќе биде дозволено да бидат поставени на само 15 отсто од плажата.

За да се добие лиценца за користење на плажа, задолжително ќе биде учеството на електронска лицитација, а по добивањето, концесионерот ќе биде обврзан да ја чисти плажата, да обезбеди пристап за лица со инвалидитети и да постои спасувач.

-Изгласавме нов закон кој става ред на нашите плажи и во суштина прави три работи: обезбедуваме слободен пристап на сите плажи за сите, користиме нови технологии како за тендерите за плажите, така и за контролите и воведуваме построи казни за оние кои го прекршуваат законот, рече грчкиот премиер.

Во однос на спроведувањето на законот, истакна дека ќе има многу поинтензивни контроли и построги казни за прекршувачите.

Посочи дека законот не се однесува на урбанистичко планирање и условите за градба, а задолжителното растојанието од 50 метри од крајбрежјето за градење не се менува.

-Засега толку и чекаме да дојде летото за да уживаме во многу послободните наши плажи, рече Мицотакис на крајот од видеото на Тик Ток, кое како и секогаш кога објавува на конкретната социјална мрежа е во поопуштена атмосфера и со поопуштен тон.

Извор: skopskoeho.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Снегот во дебарско не создава проблеми во одвивањето на патниот сообраќај, но е потребна внимателност

Следно

Ќе ѝ дојде ли некогаш ред на Источна Европа да води?

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската безбедност бара заедничка регионална одговорност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Приштина учествуваше на Неформалниот министерски совет на Енергетската заедница, каде што министрите од регионот, претставници на Европската комисија и Секретаријатот на

Божиновска: Шведска е важен партнер во модернизацијата на македонската енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Ола Солстром, на која беше потврдена одличната билатерална соработка

Шок на пресот на ДР Конго: Селекторот дозна дека починал татко му

Селекторот на репрезентацијата на ДР Конго, Себастијан Десабре, доживеа вистински шок на прес-конференцијата по поразот од Англија на Светското првенство. Имено, портпаролот на федерацијата му соопштил дека неговиот татко починал. Селекцијата на

ЕБОЛАТА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА – Бесна толпа запали центар за лекување, пациентите избегаа

Гневни демонстранти запалија центар за лекување на ебола во источниот дел на Демократска Република Конго, при што усмртија еден полицаец и повредија две лица, соопштија официјални лица. Неколку пациенти заразени со ебола,
Go toTop