Што е „супер вторник“ и зошто е важен?

March 5, 2024
2 mins read

„Супер вторникот„ би можел да биде последна шанса на поранешната американска амбасадорка во Обединетите Нации Ники Хејли да го спречи поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ја добие републиканската претседателска номинација во 2024 година.

Петнаесет сојузни држави и една територија на САД одржуваат партиски гласања за номинации во вторник, 5 март – најважниот ден на партиските избори кога повеќе од една третина од делегатите ќе бидат одредени за јулската Републиканска национална конвенција во Милвоки, каде што тие делегати формално ќе одлучат кој ќе биде нивниот претседателски кандидат.

Претседателот Џо Бајден речиси сигурно ќе ја добие номинацијата на демократите кога партиските лојални членови ќе гласаат за делегати на Демократската национална конвенција во август во Чикаго, бидејќи во трката кај демократите остана само еден ривал со многу слаби шанси.

Што е супер вторник?

„Супер вторник“ е денот кога повеќето сојузни држави гласаат за кандидат за претседателски избори.

Врз основа на резултатите од секои избори, партиските функционери познати како делегати се доделуваат на првите кандидати. Потребен е одреден број делегати за официјално да се номинираат кандидати на конвенцијата на секоја партија ова лето.

Во републиканскиот натпревар, тој ден можат да се добијат 874 од 2429 делегати на последната конвенција, вклучително и во двете најнаселени држави, Калифорнија и Тексас.

Потребни се најмалку 1215 делегати за да се добие номинацијата на Републиканската национална конвенција во јули.

Во „супер вторникот“ републиканците ќе гласаат во Алабама (50 делегати), Алјаска (29), Американска Самоа (девет), Арканзас (40), Калифорнија (169), Колорадо (37), Масачусетс (40), Мејн (20), Минесота (39), Оклахома (43), Северна Каролина (74), Тексас (161), Тенеси (58), Јута (40), Вермонт (17) и Вирџинија (48).

Околу една третина од делегатите кај демократите ќе бидат избрани на 5 март, а гласањето ќе се одржи во 14 од тие 15 држави, плус Американска Самоа. Во Алјаска демократите гласаат на 6 април.

Тој ден е и крајниот рок за демократите од Ајова да ги испратат своите гласови за партиските групи во државата и тогаш ќе бидат објавени резултатите.

Кога е Супер вторник и што може да се очекува?

Бидејќи толку многу држави и територии гласаат во различни временски зони, може да потрае одредено време додека не се знаат целосните резултати.

Во Калифорнија, гласачките ливчиња за гласање по пошта се валидни се додека се со поштенски печат на или пред денот на изборите и пристигнат најдоцна до 12 март.

Покрај тоа, некои држави имаат „отворени партиски избори“ кои им овозможуваат на регистрираните гласачи да изберат дали ќе гласаат на демократски или републикански избори, што ја зголемува непредвидливоста.

Зошто е важен Супер вторник?

Хејли нема јасен пат да го победи Трамп. „Супер вторник“ може да биде нејзината последна шанса барем да го забави патот на поранешниот претседател до номинацијата.

Анкетите покажуваат дека Трамп е голем фаворит во Калифорнија и Тексас, како и во држави како Алабама, Мејн и Минесота. Неговиот изборен штаб предвидува дека тој ќе освои најмалку 773 делегати на „Супер вторник“ и ќе ја добие номинацијата една или две недели подоцна.

Трамп лесно ги освои сите шест гласови досега за републиканската номинација во Ајова, Њу Хемпшир, Невада, Американските Девствени Острови, Јужна Каролина и Мичиген. Тој неколку пати ја повика Хејли да се повлече за да се подготви за реванш против Бајден, кој го победи во 2020 година. Анкетите, сепак, покажуваат дека многу Американци не го сакаат тој дуел.

Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина, која беше амбасадорка во ОН за време на Трамп, вети дека ќе остане во трката. Таа ќе патува низ земјата со агресивен распоред на турнеи во државите пред „Супер вторник“. Нејзиниот изборен штаб го претстави лидерскиот тим во Цорџија, каде што гласачите излегуваат на гласање на 12 март, една недела по „Супер вторник“.

„Гласачите имаат право на вистински избор, а не на избори во советски стил со само еден кандидат. Имам должност да им го дадам тој избор“, рече Хејли по поразот во Јужна Каролина на 24 февруари.

Резултатите од „Супер вторник“ во Северна Каролина ќе бидат внимателно следени во потрага по знаци за тоа колку силна поддршка има секој кандидат во таа држава која би можела да биде меѓу одлучувачите на претседателските избори во ноември. Трамп ја освои таа држава во 2020 година за нешто повеќе од еден процентен поен.

Северна Каролина ќе даде 74 делегати на „Супер вторникот“. Таа држава им дозволува на гласачите кои не се поврзани со партијата да учествуваат на кои било партиски избори што тие ќе ги изберат, што би можело да ги зголемат шансите на Хејли со оглед на нејзината релативна сила меѓу независните гласачи во споредба со Трамп.

Извор: slobodnaevropa.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За оваа песна сите мислиме дека е романтична, а крие мрачна тајна: Еве каква приказна раскажува „You’re Beautiful“

Следно

Со нов закон Грција воведува ред на плажите за нелегално поставените лежалки и маси

Latest from Blog

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех

САРАЕВО ЛИ Е ИЛИ СЕПАК НЕ Е? Толку е загадено што луѓето залутале по пат до дома

Маглата е главна но, не и едниствена важна последица на загадувањето што се акумулира во сараевскиот басен со децении. Нивото на токсични честички PM2.5 повремено го надминува дозволеното ниво за десет пати.

Чешка има нов фудбалски селектор

Репрезентацијата на Чешка, потенцијалниот наш ривал на патот кон Мундијалот во САД, Канада и Мексико следното лето има нов селектор. Се работи за искусниот Мирослав Коубек, кому му е доделена одговорноста да

Како до поквалитетни јавни услуги: Отворена панел-дискусија во Битола

Јавните претпријатија како клучен сервис на граѓаните беа во фокусот на панел-дискусијата „Како до подобри услуги за граѓаните“, организирана од Советот на Општина Битола и Општина Битола, со цел отворање транспарентен дијалог
Go toTop