УЕФА го објасни новиот формат на европските турнири

March 4, 2024
1 min read

УЕФА објави појаснувања во врска со новиот формат во европските клупски натпреварувања, кој ќе стапи на сила од сезоната 2024/25.

По промените во главниот дел на секое од трите натпреварувања – Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига, учество ќе земат 36 екипи. Во моментов на почетокот на трите турнири има по 32 екипи кои се поделени во осум групи по четири.

Во новиот формат, пак, нема да има групна фаза, а селекциите ќе играат за севкупен пласман, слично како на националните првенства. Сепак, екипите ќе бидат поделени во урни- по четири во Лигата на шампионите и Лигата на Европа и шест во Конференциската лига.

Екипите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе одиграат по осум натпревари против осум различни екипи, со по два натпревари – еден дома и еден на гости, против претставници од секоја од четирите урни. Во меѓувреме, во Конференциската лига, екипите учеснички ќе имаат по еден натпревар против тим од секоја од шесте урни.

Најдобрите 24 екипи на секој од трите турнири ќе се пласираат во елиминациската фаза. Најдобрите осум на табелата ќе добијат загарантиран пласман во осминафиналето, додека оние од деветтото до 24. место ќе играат во плеј-оф рунда за преостанатите осум квоти.

Тимовите кои ќе завршат на позициите од 25 до 36 ќе испаднат од европските клупски турнири. Така, нема да има прелевање на тимови од еден турнир во друг, како што е во моментов случај по завршувањето на есенската фаза во натпреварувањата на УЕФА.

Од осминафиналето до финалето, турнирите ќе бидат целосно идентични со сегашните правила – наизменични гостински натпревари во осминафиналето, четвртфинале и полуфинале и финале со една нога.

Натпреварите од лигашката фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе се играат од септември до јануари, додека оние во Конференциската лига ќе се играат од септември до декември. Сепак, секој турнир ќе има своја ексклузивна недела каде нема да има натпревари од другите два турнири. Ексклузивната недела на Лигата на шампионите ќе ги следи натпреварите во вторник, среда и четврток. Во Лига Европа натпреварите ќе се играат во среда и четврток, додека во неделата од Конференциската лига натпревари ќе има само во четврток.

За остатокот од распоредот на натпреварите, се одржува сегашниот аранжман – Лигата на шампионите се игра во вторник и среда, додека натпреварите од Лига Европа и Конференциската лига се во четврток.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Високо заразен вирус откриен во производ од Хрватска на италијанскиот пазар : реагираше Европскиот систем за брзо предупредување

Следно

Министерот Тошковски бара решение за над 100.000 граѓани останати без право на глас

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop