Мировните преговори меѓу Израел и Хамас „минирани“ од барањето за список на живи заложници

March 4, 2024
1 min read

Нема да попуштиме пред барањата на Хамас Бенјамин Нетанјаху им порача на Палестинците дека мораат да ги намалат своите очекувања доколку сакаат мир во регионот. Израелската влада одби да испрати свои преставници на новата рунда преговори кои се водат под покровителство на САД, Египет и Катар, додедека не добијат список со имиња на сите заробеници кои се уште се живи.

Исто така, бараат и јасен одговор во однос на тоа колку палестински затвореници треба да бидат разменети за секој ослободен заложник. Според неодамнешните извештаи, во нацрт-договорот за кој се разговараше изминативе денови, за 400 Палестинци во израелските затвори би можело да бидат разменети 40 заложници.

„Вложуваме големи напори да успеат мировните преговори, но едно нешто мора да е јасно – нема да капитулираме пред нереалните барања на Хамас. Со или без договор, ќе се бориме до целосна победа.“ – рече Нетанјаху.

Од Хамас пак порачуваат дека нема да прифатат никакви уцени од Израел. Побараа од соседните држави да преземат иницијатива за да се оконча конфликтот во Газа.

„Со заканите за нови напади, ционистите ја потврдуваат својата криминална природа. Ние сме флексибилни во преговорите поради грижа за нашиот народ, но подготвени сме целосно да го браниме нашиот народ.“ – изјави Осама Хамдан претставник на Хамас во Либан.

И потпретседатрелката на САД, Камала Харис, побара итен прекин на огнот. Харис, која денеска треба да се сретне си израелскиот министер за одбрана, откри дека американската администрација работи заедно со Египет и Катар за да посредува во шестнеделна пауза во борбите со цел да се извлечат преостанатите заложници што ги држеше Хамас, но и Газа да добие поголема хуманитарна помош.

Во една од најсилните критики кон Израел, потрретседателката на САД порача дека израелската влада мора да стори повеќе и да дозволи отворање нови гранични премини за достава на хуманитарна помош.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врховниот суд на САД пресуди: Трамп може да учествува на изборите во Колорадо

Следно

Во Скопје 120 случаи на голема кашлица, утре ќе заседава Комисијата за заразни болести

Latest from Blog

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Go toTop