Во Белгија уапсени четири лица осомничени за планирање терористички напад

March 3, 2024
1 min read

Белгиската полиција утрово изврши претреси на локации во четири градови во Белгија и уапси четири лица, од кои тројца малолетници, осомничени за поврзаност со исламистички екстремистички организации и за планирање терористички напад. 

Како што јави белгиската државна телевизија РТБФ, при претресите, извршени на локации во градовите Брисел, Нинове, Шарлроа и Лиеж, не се пронајдени оружје или експлозив. 

Телевизијата посочува дека „антитерористичката операција“ е спроведена врз основа на истрага со која биле опфатени лица кои се сметаат за „потенцијално насилни“ и кои се поврзани со екстремистички групи. 

Портпаролот на белгиското Федерално јавно обвинителство, Ерик Ван Дер Сипт во изјава за интернет изданието ХЛН нагласи дека истрагата покажала оти приведените планирале да извршат терористички напад. 

– Плановите се уште не се многу конкретни, но сепак се доволно сериозни за да ги уапсиме и сослушаме, додаде Ван Дер Сипт. 

Во тек е сослушување на приведените од страна на полицијата, по што истражен судија во текот на денот или најдоцна утре ќе донесе одлука за евентуална понатамошна постапка против нив. 

Инаку, тројцата уапсени малолетници се од градовите Нинове, Брисел и Шарлроа, додека возрасната личност е од Лиеж. 

При вооружен напад од страна на туниски имигрант во Брисел лани во октомври беа убиени двајца шведски фудбалски навивачи. 

Белгиските безбедносни служби се под зголемено ниво на внимателност по терористичките напади на бриселскиот меѓународен аеродром Завентем и на метро страница Мaлбек во центарот на Брисел во 2016 година, при што загинаа 32 лица.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Едно од најголемите дела на Мимар Синан: Реставрацијата на џамијата Селимије ќе заврши следната година

Следно

Од утре попладне обилни врнежи со локално невреме, снег на планините и пад на температурата

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop