Кандидатурата на Силјановска Давкова поддржана од 444 делегати на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, таа повика на обединување

March 2, 2024
1 min read

На денешната конвенција најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ потврди дека пратеничката и професорка Гордана Силјановска-Давкова ќе биде претседателскиот кандидат на партијата на претстојите претседателски избори.

Кандидатурата на Силјановска ја поддржа 444 делегати, од 448 кои гласаа на конвенцијата. Давкова изјави дека не очекувала волку голем резултат и се заблагодари на довербата.

Таа порача дека како универзитетски професор го користела сократовиот метод, односно ги учела студентите, но и учела од нив, и ништо повеќе не и значело како оваа доверба и можност да си го запознае народот.

Силјановска Давкова нагласи дека секој може да си го смени стилот на живеење, може да промени многу нешто, но никогаш не може да си ја промени татковината.

-Не случајно сме родендени во Македонија, енергијата ни извира одовде и затоа треба да воспоставиме што е можно поцврсти врски со оние кои си заминале, не затоа што сакале , туку затоа што некој не ги сакал овдека како најдобри. Да бидеме во контакт со нив, да се вмрежат во нашите прашања и одлуки, да бидат овде присутни, така ми се чини дека ќе обезбедиме почит секаде во светот. Многу работа стои пред нас и јас затоа сите оние кои ќе бидат носители на некоја функција бидејќи во 21 век сме ги молам да стават крај на овие страшни поделби по било која основа, најмногу по партиска и по политичка, да не се однесуваат кон опозицијата како тие што се однесуваа кон неа, зошто без опозиција нема демократија, да градат консензус за најважните државни и национални прашања и интереси, да излегуваат кон надвор усогласени зошто само лидери и државници тоа го прават, рече таа.

Силјановска Давкова укажа дека се виде досега до што доведоа поделбите. Поделбите ја доведоа оваа држава да личи на гладијаторска арена и во своето обраќање повика на обедунување.

-Не се станува Европјанин, не се вежба европеизација преку реторика ЕУ, ЕУ, ЕУ… Не! Туку преку вежбање демократија. Мора Копенхашките да се однесуваме. Мора владеењето на правото да ни биде прво. Мора слободите и правата на човекот да ни бидат во фокусот. Мора пазарна економија да градиме. Мора да ги почитуваме индивидуалните права, ама исто така и малцинските права, истакна Силјановска Давкова.

Таа ги уверуваше делегатите дека нема да ги засрами.

-Јас ве уверувам дека ќе ги мерам зборовите. Ве уверувам дека ќе градам сојузи и сојузништва, дека ќе интегрирам, а нема да дезинтегрирам, порача таа.

Силјановска Давкова потенцираше дека не е национализам да се повикувате на европските вредности. Додаде дека не смее Балканот да остане периферија на периферијата и за тоа се потребни вистински лидери кои се самореализирани.

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Шапка, жена од Австрија се повреди при скијање – ја спасуваа со хеликоптер

Следно

Три минимални плати за да се преживее месецот

Latest from Blog

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу
Go toTop