Револт кај граѓаните поради личните документи

March 1, 2024
1 min read

Граѓаните се крајно револтирани бидејќи не можат да  обезбедат лични документи, иако дел од нив велат дека процесот на фотографирање го завршиле пред месеци. Револтот на граѓаните уште повеќе го зголеми прекинот на струјата, кој извесен период го попречува работниот процес на шалтерот на МВР .

На овој проблем реагираше и Народниот правобранител. Тој рече дека голем број документи остануваат во магацините на Министерството за внатрешни работи и не им се делат на граѓаните. До Народниот правобранител со претставки реагирале голем број граѓани, а тим од кај Правобранителот инсистирал до Министерството за внатрешни работи да ги пронајде и дистрибуира документите.

„Рокот е даден, фотографирањето е завршено, дадена е дозвола за испорака и стојат во магацините на МВР. Без разлика дали се тоа патни исправи, пасоши, лични карти, возачки дозволи и така натаму. Откако почнаа да пристигнуваат претставки до институцијата Народен правобранител, организиравме тим во местата каде што имавме информации дека се наоѓаат за побрзо да ги добијат граѓаните кои имаат итна потреба да патуваат, од здравствени, студиски, научни, спортски и деловни причини.  Инсистиравме МВР да ги побара тие документи и да им ги даде на граѓаните”, вели Насер Зибери, народен правобранител.

Зибери потсети дека законскиот рок за поднесување документи е 15 работни дена и нагласи дека системот мора да се стави во функција, МВР да се реорганизира и сите подготвени документи да им бидат дистрибуирани на граѓаните.

Ајнур Бафќари

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коѕиас: Жал ми е што Нова демократија го третира Договорот од Преспа за внатрепартиски проблем

Следно

Навални погребан во Москва – илјадници луѓе се збогуваа со критичарот на Кремљ

Latest from Blog

Мајка на четири деца е пронајдена обесена во САД- полицијата смета дека сѐ е инсценирано

Властите изјавија дека веруваат оти нејзината ќерка, 29-годишната Тасија Форчун, веќе била мртва пред телото да биде поставено на местото на злосторството, за кое велат дека било наместено. Откривањето на телото на

Сити во небрано, спонзорите веќе ги разгледуваат договорите и размислуваат за повлекување

Манчестер сити би можел да претрпи сериозен финансиски удар доколку остане во сила одлуката во случајот за наводните прекршувања на финансиските правила во Премиер лигата. Според информациите што ги пренесуваат британските медиуми,

Не запира епидемијата на ебола во Конго, починаа речиси половина од заразените

Според најновите бројки од Светската здравствена организација (СЗО), инфекции се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од 26-те провинции во земјата. Најновите потврдени случаи се Булу во провинцијата Суд Убанги и
Go toTop