Во делови во Македонија, пита со паричка се спрема за Василица

January 6, 2023
1 min read

„Пред Божиќ, зад Божиќ, каде и да си, дома да си“. Од мала ми одѕвонуваат овие зборови на баба ми. Па, еве ме, и мене дома за заедно со моето семејство да си ги прославиме Бадник и Божик, како што отсекогаш било традиција во нашиот дом“, вели Фросина Ѓорѓиоска која повеќе години живее и работи на Малта. „Јас и таму си ги празнувам сите наши празници. Сакам на моите тамошни пријатели да им покажам која сум, од каде доаѓам, кои се нашите убави, македонски адети“, со гордост раскажува Фросина.

„За овие традиции малку е чудно таму. Има различни народи. Во секој случај, ние помладите пробуваме да ја негуваме традицијата колку што е можно повеќе. Коледе, Божик и Велигден како најголеми наши празници ги славиме исто таму. Претежно имам гости од повеќе држави. За нив е интересно, чудно, ново. Претежно за Бадник сум дома, со поголем број на гости, со посна трпеза, секако“, објаснува Фросина Ѓорѓиоска.

Ленче Спиркоска пак, е мајка на две ќерки. Едната и’ е иселена во Австралија Ама, вели, и неа ја научила, за таа и таму да ги празнува овие наши празници, на што е особено горда. Единствено, тешко и’ e, што заради далечината, празниците често ги слават гледајќи се преку интернет.

„Јас имам две ќерки и знам дека и тие продолжуваат со традицијата. А имам и ќерка во Автсралија. Таа, таму вика, па уште повеќе ги практикуваат. Баш денеска се слушнавме со ќеркава, вика правам, мамо, мазник, правам кора, правам сарма, правам грав. Зошто ? За Бадник. И таму на прв ден Божик, сите се в црква. Не знете колку народ има по црквите во Австралија“– објаснува Ленче Спиркоска.

Дека традицијата се одржува жива, потврда се и активностите на членките од Здружението „Преродба“, кои за Бадниковата вечера, а која е исклучиво посна, се подготвуваат со денови. Обаснуваат дека Бадник е семеен празник и затоа на Бадниковата вечера целото семејство се собира околу празничната трпеза во исчекување на радосната вест за Христовото раѓање. Тогаш, гости не доаѓаат, ниту пак, се оди на гости.

„Во таа посна трпеза имаме многу посни работи. Гравче, сарма, компот, тиква, а кај нас во Прилеп се става и лукче, а се става и мед. Лукот да не’ чува од зли духови, медот да бидеме благи, да ни биде убаво во наредната година. Имаме посебно и бадниково дрвце. Тоа го означува раѓањето на Христос. Најважно е семејството да се сплоти, да биде на едно место и затоа рекле – „Пред Божик, зад Божик, каде и да си, дома да си“ – ни рече Илка Илиоска од Здружението „Преродба“.

Што се однесува пак, до паричката на среќата, во прилепскиот крај, таа не се става за Бадник, туку се става за Василица, во Василичарскиот бурек.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Талибанците до принцот Хари: Kоментарите на принцот се микрокосмос на траумите што Авганистанците ги претрпеа

Следно

Роналдо сака да го донесе Пепе во Ал Наср

Latest from Blog

Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Ноќеска во 03:00 часот по полноќ завршува летното, а почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како

Македонското друштво „Илинден“-Тирана активно учествува на собирот на европските малцинства

Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд се претстави на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржува во италијанскиот град Болзано. Во рамки на активностите на овој значаен

Мбапе пред „Ел Класико“: Ќе го направиме она што го очекуваат од нас – ќе победиме!

фото: Real Madrid C.F. (X) Килијан Мбапе со нетрпение го очекува утрешниот дуел со Барселона во рамките на новото коло во Ла Лига. Тој зборуваше пред натпреварот против Каталонците за своите очекувања.

Џони Деп се враќа во кината, филмот е адаптација на класик од Дикенс (ВИДЕО)

Андреа Рајзборо се придружи на екипата, а студиото веќе закажа премиера на 13 ноември 2026 година, потврди „Дедлајн“. Сценариото е напишано од Натаниел Халперн, додека продуцентка е Ема Вотс. Нова адаптација на
Go toTop