Овие ѕвезди ќе доделуваат Оскари

March 1, 2024
1 min read

Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Зендеја, Мишел Фајфер, Бед Бани, како и оскаровците Николас Кејџ и Ал Пачино се меѓу новообјавените доделувачи на овогодишните „Оскари“.

Претставени се и минатогодишните четворица победници во категориите за глума – Брендан Фрејзер од „Кит“, како и Мишел Јео, Ке Хју Куан и Џејми Ли Кертис од победникот за најдобар филм „Сè насекаде одеднаш“. Оскаровците Махершала Али, Џесика Ланг, Метју Меконахи, Лупита Њонго и Сем Роквел, исто така, треба да излезат на сцената.

Меѓу познатите кои ќе ги најават победниците на 96-тото доделување на „Оскарите“, се и Мајкл Китон, Реџина Кинг, Џенифер Лоренс, Кејт Мекинон, Рита Морено, Џон Мулени, Кетрин О’Хара, Октавија Спенсер и Реми Јусеф.

Свеченоста ќе се одржи во „Долби театарот“ во Лос Анџелес, ноќта меѓу 10. и 11 март (недела кон понеделник).

Раџ Капур ја има улогата на извршен продуцент и одговорен за текот на емисијата, заедно со другите продуценти Моли Мекнирни и Кети Мулан. Комичарот Џими Кимел се враќа како домаќин, т.е. водител.

Околу наградите, оваа година филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан води со 13 номинации, па следат „Бедните“ на Јоргос Лантимос со 11, и „Убијци на цветната месечина“ на Мартин Скорсезе со 10 можности за признание. Заокружувањето на одбраните 10 филма го прават „Американска фикција“, „Анатомија на падот“, „Барби“, „Додржувачи“, „Маестро“, „Минатите животи“ и „Зона на интерес“.   (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ИЗБРКАНИ ОД РАБОТА 30 ХОНОРАРЦИ ВО МКЦ, ЗАТВОРЕНИ СЕ ПЛАНЕТАРИУМОТ, КАФУЛЕТО И ПРОДАВНИЦАТА „АПОТЕКА“, КИНО МИЛЕНИУМ ЌЕ РАБОТИ ПОЛОВИЧНО

Следно

Шеќерот носи лош епитет – „бела смрт“: Овие мерки мора да ги знаете

Latest from Blog

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала

ХАОС ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Полицијата спречи упад, силни топовски удари, БЛОКАДЕРИТЕ ЗАПАЛИЈА ШАТОР (ФОТО+ ВИДЕО)

Во центарот на Белград, пред Народното собрание, се собрале неколку блокадери, обидувајќи се да предизвикаат хаос, јавуваат медиумите. Според извештаите, блокадерите почнале да фрлаат камења и шишиња кон „Чациленд“. МУП издаде итно

Антони ја “скрши“ Мајорка!

ФОТО: Real Betis Balompié/FB Бетис – Мајорка 3:0. Ова е исходот од вечерашниот меч во Ла Лига во Севиља. И веднаш, уште една одлична партија на Бразилецот Антони кој со два гола

Мицкоски со силна порака за Кичево и кичевчани: Победи соживотот и вербата во вредности

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва испрати силна порака за победата во Кичево. -Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека

Орце Ѓорѓиевски: Благодарен сум на скопјани за довербата – нема да ја изневерам

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со реализација на плановите за подобрување на состојбите во главниот град. „Веднаш
Go toTop