ИЗБРКАНИ ОД РАБОТА 30 ХОНОРАРЦИ ВО МКЦ, ЗАТВОРЕНИ СЕ ПЛАНЕТАРИУМОТ, КАФУЛЕТО И ПРОДАВНИЦАТА „АПОТЕКА“, КИНО МИЛЕНИУМ ЌЕ РАБОТИ ПОЛОВИЧНО

March 1, 2024
1 min read

Триесет хонорарци денеска се избркани од Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, а тоа значи дека во МКЦ повеќе нема да се ангажираат лица за предавања во Планетариумот, лица за реализација на програмските активности (технички лица и орагнизатори на настани), кафулето е целосно затворено, затворена е и продавницата „Апотека“, додека киното Милениум ќе работи со преполовена дејност, велат извори од МКЦ за САКАМДАКАЖАМ.МК. Одлуката е донесена од новиот директор на МКЦ Арбен-Бени Шаќири, кој на оваа функција дојде на 22 јануари, назначен од градоначалничката Данела Арсовска. Шаќири не одговори на нашите пораки во врска со отпуштањето на хонорарците.

Во МКЦ, според нашите извори, повеќе нема да се организираат настани  сѐдо завршувањето на изборниот процес, или поточно нема да се реализираат во нормални услови или со нормален капацитет како во регуларна ситуација.

„Одлуката е базирана врз писмо со препорака доставено до МКЦ од страна на Државната комисијата за спречување на корупцијата (ДКСК), во која се вели дека во тек на изборниот процес не смее да се склучуваат договори со кои би се злоупотребиле буџетски средства. Во суштина, договорите кои се прекинати воопшто не се поврзани со користењето на буџетските средства, туку се однесуваат на соработници кои генерираат приход и истите соработници се исплаќаат од генерираниот сопствен приход. Одлуката која ја донел директорот е еднострана и неоснована, уште повеќе штетна за институцијата која ако не работи во наредните неколку месеци, ќе се нанесе непоправлива штета на долг рок. МКЦ досега се соочил со мноштво изборни процеси во кои биле ангажирале лица согласно законските насоки. Дополнително, институцијата во 2023 е доведена во незавидна финансиска положба и без програмата која носи приход, е невозможно да се намалат милионските долгови продуцирани во толку краток период“, велат нашите извори.

Шаќири дојде на местото на Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата лани во јануари откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев. Тогаш од Програмскиот совет на МКЦ рекоа дека Богоев, кој 36 години е дел од институцијата, е сменет бидејќи не сакал да го вработи пејачот Бени Шаќири, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Од МКЦ рекоа дека тогашниот генерален секретар на Градот Зоран Глигоров вршел екстремни притисоци да се потпише вработување на Шаќири.

Првиот конкурс за избор на директорската позиција распишан кон крајот на септември лани немаше никаква разврска, ниту беше поништен од Градот Скопје, а потоа во ноември се распиша повторен конкурс за истата функција по што беше назначен Шаќири.

Б. НЕСТОРОСКА

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ако мисли дека Џорџ Вашингтон е црнкиња, зошто ѝ даваме да одбира мети за бомбардирање?

Следно

Овие ѕвезди ќе доделуваат Оскари

Latest from Blog

Некогаш една од најубавите плажи во Преспа, денес запуштена: Мештаните сами го чистат Стење

Плажата во Стење некогаш важеше за едно од најубавите и најпосетуваните места на Преспанското Езеро. Во 2015 година таа беше уредена со песок и дополнителни содржини, а потоа привлече голем број домашни

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Се зголемува бројот на загинати, 20 згради урнати во еден град(Обновено)

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри. Според првичните

Во Македонија 13 случаи на Западнонилска треска

Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе од 240 случаи на инфекција со Западнонилскиот вирус се регистрирани во седум европски земји, а според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на

Шок за Ханси Флик: Ѕвездата на Барса потешко се повреди, го чека долга пауза

ФОТО: FC Barselona/FB Шок за Ханси Флик на утринскиот тренинг. Фудбалерите на Барселона целосно се подготвуваат за почетокот на новата сезона, а утрово одработија нов тренинг во својот тренинг центар, но заврши
Go toTop