Џафери: Очекувам автопатот Гостивар-Кичево да биде завршен во 2027 година

March 1, 2024
2 mins read

Техничкиот премиер Талат Џафери придружуван од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, изврши увид на работите на Коридорот 8 и делницата од Гостивар до Кичево. Од локацијата во Горна Бањица тој рече дека станува збор за мегапроект кој се реализира во последните 30 години и чие завршување се очекува во 2027 година.

– Проектот опфаќа делницата Тетово – Гостивар, Кичево – Требеништа – Ќафасан, од другата страна во Албанија веќе се работи делницата од Елбасан до граница, така што проектот е од Коридорот 8 којшто е врска меѓу Јадранот и Црното Море. Тоа укажува дека овој коридор е од особено значење. Паралелно со ова оди делницата на Коридорот10д Градско – Прилеп – Битола, така што државата добива инфраструктура со квалитет каква што би требала да биде сообраќајна инфраструктура. Им честитам на сите, успешна работа и да дочекаме сите заедно во 2027 година да бидеме присутни на пуштањето на проектот, рече Џафери.

Тој ирази оптимизам во реализација на проектот, бидејќи како што кажа, изведувачот на работите не е непознат со оглед дека веќе имаат реализирани вакви проекти и што според него е потврда дека навремено и квалитетно ќе ги завршат работите. Техничкиот премиер посочи дека државата ќе обезбеди сите предуслови за непречена работа.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по увидот на работите напомена дека е задоволен од реализацијата изградбата на Коридорите 8 и 10д, за кои кажа дека е најголем капитален проект од независноста на земјава.

– Државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во делот на инфраструктурата со инвестиција од преку две милијарди евра од изградбата на патната и железничката инфраструктура. Ова е многу значајно за државата, бидејќи денес се пробиваат и најтешките траси и на патната и на железничката инфраструктура на Коридорот 8 и на Коридорот 10д, рече Бочварски.

Тој напомена дека веќе се усвоени урбанистички проекти за делницата Тетово – Гостивар и се работи на експропријација на имот за на новиот автопат. Првиот човек на министерството за транспорт и врски посочи дека на седница на Влада е одобрен и дел од трасата од Гостивар кон Букојчане и дел од трасата на делницата 4 на автопатот Прилеп – Битола, дел од Коридорот 10д.

Според директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми, новиот модел на изградба на автопатиштата во Северна Македонија дава подобри резултати и овозможува засилено темпо на работа.

– Во овој момент паралелно се извршува експропријација, се проектира, се врши геомеханички испитувања и имаме и градежни работи. Овој е новиот модел на градба на автопатиштата каде што со овој нов модел ќе градиме по 23 километри автопатишта годишно, не со стариот модел што беше досега што градевме по 5,3 километри автопатишта, појасни Рустеми.

На прашањето за барањата на жителите од селата Долна и Горна Бањица да се гради камп за градежните работници на просторот на старите воени магацини и најавите дека ќе ја блокираат работата на терен, техничкиот премиер Џафери напомена дека за денес закажал средба, бидејќи како што нагласи, тоа е обврска за да разговараме и да се задоволат нивните барањата на сите страни.

Одговорниот директор на проектот во конзорциумот Бехтел и Енка, Џошуа Бејкер напомна дека во моментов се вработени околу 400 лица од кои половината се локални жители, а 11 проценти се жени.

– Во моментов почна ископ и транспорт на материјал кој ќе се користи за автопатот Гостивар-Тетово и активни се 300 машини. Склучивме 350 договори за подизведувачи од кои 70 проценти се од Македонија, рече Бејкер.

Посетата на Гостивар, техничкиот премиер ја продолжи со средби во општата болница и увид на работите на патот помеѓу селата Дебреше и Здуње.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ердоган: Нападот на Израел врз Палестинците кои чекаат помош во храна е неприфатлив

Следно

Во четвртиот квартал лани имало 9.518 слободни работни места, најмногу во услужните дејности и трговијата

Latest from Blog

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Колумбија денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри, додека на површината бил најблиску

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но
Go toTop