Слаб снег во Маврово, на Ѓавато остатоци од кашест снег на коловозот

January 31, 2023
1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат во Маврово, а на планинскиот премин Ѓавато има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“, но тие во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ.

Оттаму посочуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен,а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ ги обвини балтичките земји за „екстремно агресивен став“ за војната во Украина

Следно

Приведен криминалец осуден на 6 години и 4 месеци казна затвор

Latest from Blog

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една

Седлоски порача: Треба трпение, веќе не играме против Лихтенштајн и Андора, туку против Швајцарија, Шкотска и Словенија

Македонската фудбалска репрезентација синоќа загуби со 2:0 на гости во Љубљана од Словенија. Со овој резултат продолжи лошата низа на нашата репрезентација. Веќе 10 натпревари немаме победа, а повеќе од 600 минути

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација
Go toTop