Османи: Еден месец да не добијам плата, јас треба да се задолжам за да преживеам (ВИДЕО)

February 27, 2024
1 min read

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и кандидат за претседател, рече дека ако само еден месец не добие плата, тогаш ќе мора да се задолжува за да преживее. За себе кажа дека не може да биде обвинет за корупција.

„Пријателите ми се смеат кога им велам дека ако еден месец да не добијам плата, морам да се задолжам. И сите ми велат: „Нема шанси, толку години функционер…“ Еве кажувам најискрен дека еден месец да не добијам плата, јас треба да се задолжам за да преживеам“, рече Османи и додаде:

– Мене може да ме обвините за се, ама не за корупција. Сфатив дека корупцијата е врзана со карактерот, изјави Османи.

Видеото од оваа изјава на Османи погледнете ја ОВДЕ

Извор: skopskoeho.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата го утврди и усвои текстот за најголемиот стратешки документ

Следно

Арбен Таравари за 24 часа ги собра потребните 10.000 граѓански потписи

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop