Арбен Таравари за 24 часа ги собра потребните 10.000 граѓански потписи

February 27, 2024
1 min read

Коалицијата „Вреди“ на албанските опозициски партии Алијанса, БЕСА, Демократско движење и Алтернатива, информираа дека нивниот претседателски кандидат Арбен Таравари ги собрал потребните минимум 10.000 граѓански потписи.

„Во рекордно време од 24 часа беа собрани потписите на поддржувачите за потврдување на кандидатот на коалицијата ВРЕДИ за претседател, доктор Арбен Таравари. Без мака и брзо беа собрани потребните 10.000 потписи затоа што Арбен е поинаков, Арбен вреди. Ако ДИК имаше доволно капацитет, тогаш потписите ќе беа собрани за еден работен ден“, рече Башким Бакиу, Претставник на „Вреди“.

Потребните потписи ги собра и Бујар Османи. Но, од албанската опозиција тврдат дека за собирањето потписи за Османи биле вршени притисоци врз администрацијата.

„Имавме информации, односно факт е дека бил вршен притисок врз администрацијата да излезе и да потпише. Тоа се виде затоа што ние успеавме за 24 часа да ги собереме потписите, а на ДУИ и требаа минимум три дена, односно четири дена – од петокот, до понеделникот“, нагласи Башким Бакиу, Претставник на „Вреди“.

Во однос на кандидатурата на Османи, од ДИК соопштија дека добиле листа со 10.528 потписи, а од партијата побараа поддршка од сите граѓани.

„Потребни ни се сите гласови и на Албанците и на Македонците и на сите други, за да можеме во исто време и да го смениме Уставот за избор на претседател во Собранието, како и за уставните измени кои произлегуваат од Договорот за добрососедство и одлучно да продолжиме кон ЕУ. Граѓаните треба да го фокусираат својот глас на најмоќната албанска партија со која ќе се постигне целта и ќе се спречи руското влијание“, изјави Арбер Адеми, ДУИ.

До синоќа Максим Димитриевски имаше собрано над 8.000 потписи, Билјана Ванковска над 6.000, а Стевчо Јакимовски над 4.000. Другите имаат по неколку стотина или неколку десетина потписи.

Вкупно 11 кандидати се на листата на ДИК. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, најави собирање потписи подоцна во процесот, откако прво ќе биде потврдена на конвенцијата на партијата оваа сабота.

На кандидатура се чека и во таборот на СДСМ, но Пендаровски сè уште не го кажал последниот збор.
Според роковникот, потписи за кандидати може да се собираат во подрачните канцеларии на ДИК сè до 8 март./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Извор: alsat.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Еден месец да не добијам плата, јас треба да се задолжам за да преживеам (ВИДЕО)

Следно

Адвокатот на Навални приведен во Москва

Latest from Blog

Трамп: Куба бара помош

Тој ја објави својата порака на социјалната мрежа Truth Social пред неговата посета на Кина оваа недела. „Никој од републиканците никогаш не ми ја спомнал Куба, а тоа е неуспешна земја која

Првиот ФИФА терен во Македонија свечено пуштен во употреба во Босилово

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање

Омерагиќ: Босилово е првиот чекор на проектот „FIFA Arena“ во Македонија

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање

Комерцијална банка, Македонски Телеком и Тетекс најтргувани; МБИ10 порасна за 0,08%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 12.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.903,87 поени, со дневен раст од 0,08%, односно 7,94 поени,

Божиновска во Истанбул: Енергетиката денес е прашање на безбедност и стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, Турција. Годинешниот Евроазиски економски самит се одржа под мотото „Global Responsibility – The Post-War World
Go toTop